Бајден задутре ги објавува имињата на членовите на својата влада

Избраниот американски претседател Џо Бајден ќе ги објави имињата на првите кандидати за членови на неговата идна влада, изјави идниот шеф на канцеларијата во Белата куќа, Рон Клајн.

„Во вторник, ќе дознаете кои ќе бидат членовите на владата на новоизбраниот претседател“, рече Клејн во интервју за емисијата This Week на ABC.

Новоизбраниот претседател, кој доаѓа од демократските редови, вети дека ќе назначи администрација што ја рефлектира различноста на земјата. Тој минатата недела откри дека веќе избрал нов министер за финансии.

„Донесовме одлука. И ќе видите дека ова е личност за која верувам дека ќе биде прифатлива за сите демократски струи, од прогресивни до поумерени“, рече Бајден на прес-конференција.

Меѓу кандидатите во потесниот избор на Бајден се и поранешниот претседател на ФЕД, Џенет Јелен, сегашниот гувернер на ФЕД, Лаел Браинард, поранешната гувернерка на ФЕД, Сара Блум Раскин и претседателот на Федералната резервна банка на Атланта, Рафаел Бостик.

Бајден составува нова администрација, додека актуелниот претседател Доналд Трамп продолжува да одбива да го признае поразот и се обидува да ги оспори изборните резултати, изнесувајќи неосновани обвинувања за широко распространета изборна кражба.

Пендаровски: Декриминализирање на марихуаната за медицински цели

​ Треба да се декриминализира марихуаната и веќе доцниме со заокружување на легислативата за производство и дистрибуција на маслото од канабис за медицински цели за што постои јасна стручно-медицинска поддршка. 

Но, за создавањето на законски претпоставки за комерцијална продажба на марихуаната одлуката не треба да се носи брзо и таа дебата треба да се води во стручните, а не во политичките кругови.

Ова го вели во интервју за Дојче Веле претседателот на државата Стево Пендаровски запрашан за став за поширокиот економски пакет, за кој премиерот Заев верува дека ќе ја живне домашната економија, меѓудругото и со легализација на марихуаната..

Тој појаснува дека пред извесен период премиерот го запознал со некои од тие проекти и притоа заеднички констатирале дека дел од нив можат да бидат потенцијално ризични во случај ако за нив нема поширока поддршка од стручната јавност и разбирање од граѓаните,

-Мој став е дека треба да се декриминализира марихуаната затоа што децении наназад ние се фокусиравме со ист интензитет на казнување и на оние кои ја користат дрогата за лични потреби и на оние кои ја дистрибуираат. Исто така, сметам дека веќе доцниме со заокружување на легислативата за производство и дистрибуција на маслото од канабис за медицински цели за што постои јасна стручно-медицинска поддршка. Меѓутоа, имам лична резерва кон создавањето на законски претпоставки за комерцијална продажба на марихуаната и сметам дека, прво, одлуката не треба да се носи брзо и второ, дека таа дебата треба да се води во стручните, а не во политичките кругови. При тоа, најбитно е во анализите да не биде калкулиран само економскиот профит, туку и евентуалните последици по здравјето на младите, како и можноста на тој начин да ја отвориме вратата за полесен влез на меѓународните нарко-картели во нашата земја, вели претседателот Пендаровски.

Продолжува судењето за организаторите на „27 април", ќе сведочи Заев

 Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, а како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.

На претходните рочишта за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

притисни ентер