Бајден Во Токио се сретна со јапонскиот цар и премиерот Кишида

Претседателот на САД, Џо Бајден имаше средба со јапонскиот цар Нарухито во кралската палата во Токио, за време на своето патување во Азија.

Станува збор за прв состанок, откако двајцата се сретнаа во декември 2013 година. Тогаш Нарухито беше престолонаследник, а Бајден потпретседател на САД, информираше Кралската прес агенција.

Ова е вторпат, актуелниот јапонски цар, кој го презеде тронот на 1 мај 2019 година, да биде домаќин на американски претседател за време на државна посета. Претходно, тоа беше Доналд Трамп.

Американскиот претседал потоа се сретна и со неговиот „добар пријател", премиерот Фумио Кишида, кого го уверуваше дека САД се целосно посветени на одбраната на Јапонија, за време на засилени тензии со Кина и последици од рускиот напад на Украина, пишуваат медиуми.

Една од темите беше и Северна Кореја. Бајден денеска ќе се сретне и со семејства на Јапонци, кои пред неколку години беа киднапирани за да обучуваат шпиони во Северна Кореја

Главната тема на дводневната посета на Бајден на земјата, каде ќе се сретне и со лидерите на Јапонија, Индија, Австралија, ќе биде започнување Инфо-пацифичката економска рамка, широк план што го поддржува економскиот столб на САД во Азија.

– Американско-јапонската алијанса долго беше основа за мир и напредок во Индо-пацификот, а САД се длабоко посветени на јапонската одбрана, изјави Бајден на почетокот на разговорот во палатата Акаска во централно Токио.

Трагична приказна на најубавото девојче на планетата!

Оваа млада убавица е ќерка на фудбалерот Патрик Блондо и актерката и ТВ водителка Вероника Лубри.

Туркањето на децата во светот на возрасните и нивно изложување во јавноста од најрана возраст може да изгледа привлечно и на семејството да му причинува голема радост, но сепак, ова може да има негативни влијанија и врз развојот на детето и врз неговата околина.

Токму тоа на своја кожа го почувствувала Тилан Блондо, француски фотомодел, која сега има 21 г., а зад себе има планетарна слава. Оваа млада убавица е ќерка на фудбалерот Патрик Блондо и актерката и ТВ водителка Вероника Лубри.

Девојчето со ангелски изглед официјално ја започна својата кариера во 2007 година, на возраст од само четири години, по иницијатива на својата мајка.

Едно од нејзините први големи појавувања во јавноста беше ревијата на Жан Пол Готје, додека на само шест години ги красеше насловните страници на познатите модни списанија.

И додека другите деца на нејзина возраст си играа со играчките и времето го поминуваа во парковите, малата Тилан брзала на кастинзи кај најпознатите светски брендови, со денови била на снимање, трпејќи разни третмани за одржување на кожата и косата, како и сценска шминка. Сето ова, за жал, предизвикувало периоди на депресија кај младата Тилан, која трпејќи го товарот на славата, заборавала на детската игра и дружењето со врсниците. Таа полека влегуваше на модната сцена, но и во светот на возрасните.

Меѓутоа, во еден момент големата слава и популарноста на ова девојче наидоа на страшни критики во јавноста. На само десет години, нејзините фотографии во светкав фустан и високи потпетици, и шминка која оддаваа впечаток како да е полнолетна, наидоа на жестоки негативни коментари.

Многумина поради ова ја нападнаа модната индустрија, обвинувајќи ги најпознатите светски брендови за експлоатација на малолетници, додека една организирана група мајки ги нападнаа родителите на девојчето. Набргу се појавија обвинувања дека тие двајца намерно го изложиле своето дете на ужасни работи, вклучувајќи и педофилија.

Дополнително запрепастување на јавноста предизвика коментарот на мајката на Тилан, која изјави дека фотографиите од нејзината ќерка од ревијата навистина биле шокирачки, но дека е горда што Тилан носела ѓердан во вредност од над милион долари. Поради ваквите испади семејството речиси секој ден завршуваше во медиумите, а поради тоа најмногу страдаше Тилан, пред сè, психички.

Проблемите и скандалите сега се далеку од убавата Тилан, која сè уште е во светот на модата и сама одлучува за својот живот и кариера. Таа има своја модна линија и досега има заработено повеќе од 4 милиони долари.

Извор: srecna.republika.rs

Луѓето зјапаат во моите гради каде и да се појавам!

Дали некогаш сте виделе вакво нешто?

Многу жени жалат што немаат бујни гради, но понекогаш овој атрибут кај понежниот пол може да предизвика поголем проблем отколку малите гради. Во тоа се уверила и тиктокерката Шерил Ен, која на една од снимките на оваа популарна социјална мрежа открива со какви предизвици се соочува поради нејзината надареност. Најтешко ѝ паѓа фактот што буквално никој не гледа во нејзиното лице, туку во огромните природни гради.

Да биде уште пострашно, Шерил редовно добива негативни коментари, но како што тврди самата, воопшто не ја засегаат. Таа истакна дека всушност ужива во медиумското внимание што го добива благодарение на бујните гради, но и додава дека целта ѝ е да покаже оти не е убаво кога некој е постојано мета на љубопитните погледи.

@cherylann_gg2 ♬ whyisthisaudiofamous - molly 💛

Исто така, таа нагласи дека со своите јавни настапи на TikTok сака да ги поддржи девојките кои се соочуваат со сличен проблем и кои, за жал, можеби немаат храброст да се справат со тоа.

Снимките на Шерил на ТикТок на кои нејзините гради се во прв план бројат околу милион „лајкови“, а на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од 150.000 луѓе. Додека повеќето придружници го поддржуваат нејзиниот став, други велат дека претерува со екпонирањето, но исто така ѝ советуваат да ослабе и да поработи на самопочитта.

Извор: srecna.republika.rs

Се балсамирала?!

Познатата креаторка Вера Ванг го прослави 73-тиот роденден!

Познатаа модна креаторка Вера Ванг претходната недела го прослави својот 73-ти роденден. По повод овој настан беше организирана раскошна забава, како и караоке забава во Њујорк, на која Ванг ги изненади присутните со својот изглед.

Таа носеше розови шорцеви со фустан-туника, а на нозете имаше високи сребрени потпетици.

Со затегнати нозе и мазна права коса, Вера може да ѝ парира на секоја девојка. На главата носеше розово-сребрена тиара, како вистинска принцеза. Таа позираше и со шише просеко од брендот Вера Ванг, како и со раскошна торта.

На својот Инстаграм профил таа сподели многу фотографии од забавата.

Многу обожаватели ја прашаа која е нејзината тајна и дали знае за некаков еликсир на младоста. Доста луѓе прокоментирале дека изгледа како да била балсамирана.

Познатата дама многу често нагласуваше дека не постојат случајности или некаква среќа кога е во прашање нејзиниот беспрекорен изглед. Како што своевремено изјавила за магазинот „Пипл“, целата заслуга ја должи на повремените вежби, но и на таканаречената „мускулна меморија“ бидејќи со години била активен спортист. Спортот ја обликувал и се покажало дека, како што самата тврди, имал долгорочен ефект.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер