Бајден со евентуалното признавање на геноцидот врз Ерменците ќе ги наруши односите со Турција

Американскиот претседател Џо Бајден подготвен е официјално да го признае убиствата на повеќе од милион Ерменци на почетокот од 20 век како геноцид, со што дополнително ќе се разгорат тензиите помеѓу Вашингтон и Анкара, јави СНН.

Неименувани претставници на американската администрација изјавија дека Бајден ќе даде изјава на 24 април по повод Денот на сеќавање на масовните убиства на Ерменците.

Иако поголем број историчари оценуваат дека Отоманската империја извршила геноцид врз Ерменците и припадниците на другите етнички и верски малцинства помеѓу 1915 и 1923 година, Турција тврди дека тоа било време на војна и оти имало загуби на двете страни, како и дека убиени се околу 300.000 Ерменци.

Бајден во предизборната кампања вети дека, како претседател, „ќе ја поддржи резолуцијата со која се признава геноцидот врз Ерменците". Слични ветувања даваа и претходните американски претседател, но не ги исполнија.Барак Обама и Доналд Трамп го избегнуваа терминот геноцид поради можниот гнев на Анкара.

Повеќе од 100 члена на Претставничкиот дом во средата потпишаа писмо до Бајден во кое го повикуваат да стане првиот американски претседател, кој официјално ги признал злосторствата од Првата светска војна како геноцид.

Претходно, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција не е загрижена за евентуалната одлука на Бајден и во истовреме дека тоа „ќе им наштети" на односите меѓу двете земји.

Турција би можела да создаде неформални бариери за увоз од САД, рече Синан Улген, поранешен турски дипломат и претседател на тинк-тенк „Едам" во Истанбул, нагласувајќи дека одговорот најверојатно ќе земе предвид дека многу турски граѓани го делат ставот на Владата за историјата .

Според аналитичарите Анкара би можела да реагира привлекувајќи го вниманието кон третманот на европските имигранти во однос на домородните Американци и, иако е помалку веројатно, да им забрани на САД да ја користат воздушната база Инџирлик.

Односите помеѓу САДС и Турција се влошени изминатите години поради одлуката на Анкара да го купи рускиот ракетен одбранбен систем С-400, како и поради прашањата за човековите и граѓанските права од претседателот Реџеп Тајип Ердоган и улогата на Турција во неколку регионални конфликти.

Бајден би можел да стане првиот американски претседател кој би го признал геноцидот врз Ерменците, иако Роналд Реган во 1981 година во писмената изјава за холокаустот укажа на геноцидот врз Ерменците.

Во 2019 година, Конгресот на САД со големо мнозинство усвои необврзувачка резолуција во Претставничкиот дом и Сенатот, нарекувајќи ги акциите од 1915 година геноцид.

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Израел тредба да ја отстапи контролата над Појасот Газа штом ќе заврши војната против Хамас.

Бербок во интервју за медиумската група „Функе“ истакна дека власта треба да биде предадена на „Палестинците – ослободени од Хамас, од терор, самоопределени и со демократски избрана влада на сите Палестинци, вклучително и тие од Западен Брег“.

- Тоа нема да се случи преку ноќ, но не треба да го изгубиме од вид политичкиот хоризонт, особено сега за време на војната, посочи Бербок.

Според неа, германската Влада работи со арапските партнери за да се осигури дека решавањето на конфликтот на принципот на две држави за двата народа, Палестинците и Израелците, нема да стане фатаморгана. Тоа вклучува изградба на цивилна инфраструктура, реформи на Палестинската управа, економско закрепнување и безбедносна структура, вклучувајќи безбедносни гаранции и за Израел и за Палестинците.

- И ова значи и потсетување за израелската Влада дека политиката на населување не само што го попречува создавањето на палестинска држава, туку и буквално го попречува мирот. Затоа само решението за две држави може да донесе траен мир и безбедност на народот на Израел, наведе Бербок.

Според неа Израел треба да биде уверен дека никогаш повеќе нема да се соочи со терористичка закана од Палестина, како и Палестинците да можат да водат безбеден и достоинствен живот на својата земја.

- Ова, се разбира, значи дека и соседните арапски држави мора да бидат вклучени, бидејќи таму им се верува, но и затоа што се блиски пријатели на Израел, затоа Германија, а исто така и САД и Велика Британија се толку загрижени за политички хоризонт“. /МИА

притисни ентер