Бајден: Однесувањето на Трамп на дебатата е национален срам

Кандидатот на демократите за Белата куќа, Џо Бајден деенска изјави дека однесувањето на Доналд Трамп во првата, хаотична дебата за претседателските избори во САД на 3 ноември е „национален срам“.

„Можеби не требаше да го кажам тоа, но однесувањето на претседателот на Соединетите држави е национален срам“, рече поранешниот потпретседател на САД на предизборен митинг во Алијанс, Охајо.

„Не само што постојано ме напаѓаше мене и моето семејство, туку и се нафрли на модераторот на дебатата“, рече тој.

Демократскиот кандидат за Белата куќа денеска ја продолжи својата кампања патувајќи со воз низ Охајо и Пенсилванија, индустриските области од каде потекнува (Скрантон).

На прашањето што мисли за претседателот на САД уште еднаш да одбие да ги осуди белите расисти на дебатата, Џо Бајден додаде пред новинарите: "Мојата порака до Гордите момци и сите групи бели расисти е" стоп ". Не сте како нас. Не ги претставувате Американците"

Поранешниот потпретседател на Барак Обама исто така ги повика Американците да излезат на гласање на 3 ноември: „Гласајте како што ви одговара, но гласајте“.

Комисијата што организира изборни дебати во САД деенска објави дека ќе воведе дополнителни мерки за „одржување ред“ на следните телевизиски конфронтации, еден ден по хаотичната дебата во која учествуваа Џо Бајден и Доналд Трамп.

„Синоќешната дебата покажа дека форматот на идните дебати мора дополнително да се структурира за да се обезбедат поредовни дискусии на теми“, се вели во изјавата на независното тело.

Триесет и пет дена пред претседателските избори, Доналд Трамп и Џо Бајден разменија навреди, исмејувања и лични напади пред милиони Американци, без модераторот да може да ги спречи меѓусебно да си дофрлаат.

Комисијата „сака да воведе дополнителни инструменти за одржување на редот до следните дебати“, на 15 и 22 октомври, додаваат во соопштението.

Следната недела, потпретседателите на двајцата кандидати, потпретседателот Мајк Пенс и демократскиот сенатор Камала Харис, ќе учествуваат во дебата во Солт Лејк Сити.

Првата дебата на претседателските кандидати се чини дека привлече многу помал број гледачи од онаа рекордната пред четири години, според првите податоци. Проценето е дека ја следеле 28,7 милиони гледачи на американската национална телевизија, а дискусијата помеѓу Трамп и Хилари Клинтон во 2016 година ја гледале околу 45 милиони.

Спасена е една од киднапираните ученички во Нигерија, родила 3 деца во заложништво (ВИДЕО)

Девојката Лидија Сајмон, која била киднапирана од училиште заедно со стотици други за време на рацијата на екстремистите пред десет години во североисточна Нигерија, е спасено заедно со нејзините три деца, соопшти денеска нигериската армија.

Сајмон, која е во петтиот месец од бременоста, била спасена од нигериски војници во областа Гвоза во државата Борно, каде властите 15 години се борат против исламските екстремисти, се вели во военото соопштение, пренесе Еј-Би-Си Њуз.

Објавата е придружена со слика на Сајмон и нејзините деца кои имаат меѓу две и четири години.

Таа допрва треба да се сретне со своето семејство.

Сајмон била меѓу 276-те девојчиња киднапирани од училиште во нигериското село Чибок во април 2014 година во екот на екстремистичкото насилство во регионот.

Околу 82 се уште се во заробеништво.

Нигериската војска не соопштила како Сајмон била ослободена, освен дека била спасена во Нгоше, 130 километри северно од главниот град на државата Борно, Мајдугури.

Што се случило со стомакот на Џенифер Лопез? (ФОТО)

Џенифер Лопез (54) е фотографирана од папараците за време на прошетка во Њујорк, а фотографиите го обиколуваат светот и сите се прашуваат што се случило со стомакот на латино дивата.

Сите сме виделе безброј фотографии од Лопез како го покажува својот стомак, многу од нив по пристигнувањето или излегувањето од теретана, но таа никогаш досега не изгледала вака.

Одредени медиуми пренесуваат дека Џенифер неодамна ослабела, па и нејзината кожа се опуштила, а тоа е токму резултат на изгледот на нејзиниот стомак.

Таравари од Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. 

Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.

Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.

„ Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“. – преземено од говорот на Арбен Таравар на централниот митинг во Струга, се наведува во соопштението од неговиот тим.

притисни ентер