Бајден нема да патува , претседателската номинација ќе ја прими вирутелно

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, нема да отпатува во Висконсин заради коронавирусот, каде што се планира партиската конвенција за да ја прифати номинацијата за кандидат на демократите .

Одлуката да не патува Бајден во Милвоки, каде демократите планираа да одржат повеќедневна конвенција на која тој ќе ја прифати претседателската номинација, веројатно значи дека настаните од 17-20 август ќе се одржат виртуелно.

Бајден ќе ја прифати номинацијата и ќе одржи говор од својот дом во државата Делавер, објави Демократската партија.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп, пак, денеска изјави дека „веројатно“ ќе одржи говор, по повод прифаќањето на претседателската номинација за републиканците, подоцна овој месец од Белата куќа.

Демократскиот национален комитет (ДНЦ) објави дека одлуката е донесена за да се заштитат жителите на Милвоки и големиот број луѓе што се потребни за организирање на конвенцијата.

„Од самиот почеток на пандемијата, ние го ставивме на прво место здравјето и безбедноста на Американците“, рече претседателот на ДНЦ Том Перез во изјавата.

Ужас во Колумбија: Фудбалер е погоден со нож во глава на дерби натпревар (ВИДЕО)

Потресна сцена е видена на едно од најголемите дерби натпревари во Јужна Америка, дербито во Меделин помеѓу Атлетико Национал и Индепендиенте, каде навивач фрли нож врз играч на Атлетико.

Ова дерби се рангира како едно од најголемите во Јужна Америка, но и во светот, а особено е интересно поради историјата и влијанието на наркокартелите, но и најголемиот нарко бос на сите времиња, Пабло Ескобар, кој своевремено управуваше еден од овие два клуба - Атлетико Национал.

Дека во Колумбија не е безбедно ниту на фудбалски терен, можевме да видиме на овој натпревар, каде што беше забележана шокантна сцена.

Во самиот финиш на натпреварот, кој на крајот заврши со резултат 2:2, кога играчот на Атлетико, Пабло Чепелини се подготвуваше да изведе корнер, од трибините кон него полета нож и го удри во глава. Веднаш се наведна со болна гримаса на лицето, а до него беше судијката, која ножот за среќа ја промаши, откако се одби од Чапелини.

Интересно, Чепелини реши веднаш да стане и да го продолжи мечот, како ништо да не се случило, само за натпреварот да дојде до крајот, иако го имаше секое право на светот да остане на земја и да побара од судијата да го прекине натпреварот , што ќе му дадеше на неговиот тим три бода.

Американска сенаторка е уапсена под сомнение дека извршила кражба во куќа (ВИДЕО)

Сенаторката на американската сојузна држава Минесота,  Никол Мичел (49) од градот Вудбери е уапсена под сомнение за кражба, соопшти полицијата на округот Детроит Лејкс.

Диспечерите примиле повик околу 4:45 часот во понеделникот од сопственикот на куќата, кој пријавил „провална кражба во тек“, а полицијата пристигнала на местото и ја уапсила Мичел, пренесува ABC News.

Не е познато дали Мичел имала задржано адвокат, а таа е уапсена додека Сенатот е на одмор до вторник поради празникот Пасха.

Според ABC News, нејзиното апсење дојде во незгодно време за демократите во Сенатот, кои имаат предност од еден сенатор во однос на републиканците, така што нејзиното отсуство може да биде проблем во донесувањето на законите доколку недостига поддршка од двете партии.

Пред да биде избрана за сенатор во 2022 година, Мичел работела како метеоролог за Армијата на САД, како и за ТВ КСТП и Јавното радио на Минесота.

Таа сè уште има чин потполковник во Воздухопловната национална гарда и е командант на метеоролошката единица.

Маќеата на Мичел живее на истиот блок куќи во Детроит Лејкс, каде што била уапсена сенаторката, според ABC News.

Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

-Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи... мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање, стои во пораката на aмбасадорката Агелер.

Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.

притисни ентер