Бајден: Нема да испраќаме војска во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека испраќањето американски војници во Украина за да ја одвратат Русија од можен напад „не е на маса“ и најави дека наскоро ќе се одржи средба меѓу Русија и другите членки на НАТО.

Бајден рече дека Русија и најмалку четири големи членки на НАТО ќе се сретнат на состанок на високо ниво „за да разговараат за загриженоста на Русија за проширувањето на НАТО“ и дали може да се направи нешто за „да се намали тензијата на источниот фронт“.

Бајден им рече на новинарите дека за време на нивната двоиполчасовна средба, јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ќе се соочи со невидени економски последици доколку ја нападне Украина.

Тој додаде дека е сигурен оти Путин добро ја разбрал пораката. „Бев многу јасен: ако ја нападне Украина, ќе има тешки последици, економски последици какви што се уште не се видени.“

Белата куќа вчера објави дека Бајден не му направил никакви отстапки на Путин, кој е загрижен за можното членство на Украина во НАТО. Рускиот претседател побарал гаранции дека НАТО повеќе нема да се шири на исток.

Двајцата лидери вчера практично разговарале за Украина и други спорни прашања, во време кога американско-руските односи се на најниско ниво и додека руската војска се натрупува на границата со Украина.

Кремљ инсистира дека нема намера да ја нападне Украина и дека распоредувањето на армијата е од одбранбен карактер.

Бајден, исто така, рече дека САД ќе и`испратат одбранбени системи на Украина и дека имаат морална и правна обврска да ги бранат сојузниците на НАТО доколку бидат нападнати, но дека обврската не се однесува на Украина.

„Тоа не е на маса“, рече Бајден на прашањето дали армијата ќе спречи евентуален руски напад врз Украина.

„Ќе зависи од тоа што ќе кажат другите членки на НАТО. Но, идејата САД еднострано да користат војска против Русија што ја напаѓа Украина... не е опција“, рече Бајден.

Високите бројки на заразени ги затвори границите на Бугарија кон Македонија

Бугарија од среда ги затвора границите за македонските државјани.

Причина за ваквата одлука на соседот се високите бројки на новозаразени од почетокот на јануари.

Македонија влегува во црвената зоана на држави. Влез ќе им биде дозволен само за македонските државјани кои имаат бугарски пасош или престој во Бугарија.

Одлуката ќе трае до 31 март. Но одлуката ќе се ревидира на секои 14 дена во зависност од дневно заразените. Според извештајот на Институтот за јавно здравје од почтокот на јануари 2022 година за само 16 дена бројот на активни случаи се зголемил за 11 илјади нови случаи. Ако на 31 декември 2021 година бројот на активни случаи беше пет илјади случаи.

Јованка Тренчевска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика.

Новоименуваната министерка Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од досегашната министерка Јагода Шахпаска.

Со тоа министерката за труд и социјална политика Тренчевска и официјално го започнува управувањето со овој сектор.

„Чест и задоволство ми претставува да го предводам секторот во кој со години наназад активно учествував во креирањето на социјалните политики насочени кон граѓаните, а особено кон најранливата категорија. Приоритет ќе ми бидат, унапредување на правата од социјалната заштита, обезбедување на редовни и сигурни пензии, заштита и почитување на работничките права како и грижа за најмладите. Продолжуваме заедно да градиме едно општество за сите. Родовата еднаквост останува и понатаму високо на мојата и на агендата на Министерството за труд и социјална политика,“ истакна Тренчевска.

Досегашната министерка за труд и социјална политика Шахпаска на нејзината наследничка Тренчевска и посака успешна и плодна работа. Таа ја информираше за тековните проекти на кои работи Министерството, за предвидената динамика за нивна реализација и за евентуалните пречки со кои се соочуваат.

Тренчевска доаѓа од раководната позиција на Државниот Инспекторат на труд, а претходно ја извршуваше функцијата Државна секретарка во Министерството за труд и социјална политика. Таа е дел од ова министерство 19 години со нејзино активно учество во креирањето на политиките за родовата еднаквост на жените и мажите, каде има водечка позиција во овој сектор. Нејзината досегашна кариера е во насока на унапредување на правата на работниците како и родовата еднаквост меѓу мажите и жените. Министерката Тренчевска е магистер по социолошки науки.

Министерство за труд и социјална политика

Примопредавање на дел од министерските ресори

Денеска во дел од ресорните министерства ќе се изврши примопредвање на министерските функции на новите министери во новата Влада.

Во министерството за одбрана заврши примопредавањето помеѓу досегашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и новата министерка Славјанка Петровска.

притисни ентер