Бајден и Џонсон договорија нова Атлантска повелба

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и претседателот на САД, Џо Бајден, ветија дека ќе ги бранат „трајните вредности“ на нивните земји од старите и новите предизвици, во далекусежниот документ потврден пред самитот на Г7 во Англија.

Бајден и Џонсон, кои денеска зборувале повеќе од еден час, потпишаа нов документ кој се надоврзува на обврските и аспирациите наведени пред 80 години од нивните претходници Френклин Д. Рузвелт и Винстон Черчил во Атлантската повелба, пренесува АП.

Американскиот претседател Бајден денес потврди дека Соединетите држави ќе купат половина милијарда вакцини против ковид 19 со цел да ги донираат во земји со пониски примања без никакви услови. „Ќе започнеме со испорака на 500 милиони вакцини во август, веднаш штом ќе заврши нивното производство“, објави Бајден на прес-конференција пред почетокот на самитот на Г7 во Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Висок функционер на американската администрација денес потврди дека Соединетите држави ќе донираат 500 милиони вакцини Pfizer против kovid 19 за 100 земји со најмал приход во светот и дека нема да бараат никакви контра-услуги за возврат. Соединетите држави ќе му плаќаат на Фајзер околу 3,5 милијарди долари за вакцините, а договорот ќе биде финализиран во следните недели, изјави официјалното лице за Ројтерс под услов неговиот идентитет да не биде објавен.

Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот лидер Борис Џонсон денес се пошегуваа дека и двајцата „се венчале над својата позиција“.

Британскиот премиер му порача на американскиот претседател дека нема да му противречи во тој поглед, но многу веројатно не и за ништо друго. Џонсон и Бајден се однесуваа како стари пријатели за време на прошетката околу заливот Карбис во Корнвол, каде што се одржува самитот Г7, и покрај спорот околу Брегзит, објави „Дејли меил“.

Британскиот премиер Џонсон го поздрави американскиот претседател Бајден како „голем налет на свеж воздух“ затоа што тој сака да соработува со Лондон за голем број прашања, од климатските промени до безбедноста.

„Тоа е одличен здив на свеж воздух“, рече Џонсон за неговиот разговор со Бајден, пренесува Ројтерс. "Тоа е ново, интересно и работиме многу напорно. Разговаравме околу еден час и 20 минути. Тоа беше долг и добар разговор. Опфативме огромен спектар на теми", рече британскиот лидер.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер