Бајден го зголеми водството пред Трамп, покажуваат новите анкети

Нови две анкети во САД покажуваат дека Џо Бајден го зголеми водството пред актуелниот претседател Доналд Трамп на нешто повеќе од 100 дена пред изборите во ноември.

Анкетата на „Вол Стрит Журнал покажува дека 51 отсто од гласачите рекле дека би гласале за Бајден ако изборите се одржат сега, а 40 отсто го поддржуваат Трамп.

Анкетата на универзитетот „Квинипик“, во меѓувреме, покажа дека Бајден го оствари своето најголемо водство годинава пред Трамп. Регистрираните гласачи го поддржуваат Бајден пред Трамп со 52 наспроти 37 отсто.

Анкетите, исто така, покажаа пад во процентот на одобрување на работата на врховниот командант.

МВР: Санкционирани 194 мотоциклисти

Вкупно 194 мотоциклисти санкционира полицијата во текот на вчерашниот за време на зајакнатата контрола на територијата на Република  Македонија.

Од нив, 58 управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 10 мотоцикли биле нерегистрирани, 107 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а девет мотоцикли се времено одземени поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Според МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Велес – 43, СВР Битола – 30, СВР Струмица – 28, СВР Тетово – 25…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.

Одбележани 108 години од Тиквешкото востание

Сто и осум години од Тиквешкото востание беа одбележани денеска во Кавадарци, со положување цвеќе пред споменикот во паркот „Полана".

Историчарот Петре Камчевски потсети дека востанието кое започнало на денешен ден во 1913 година, било израз на револт против насилствата, теророт, убиствата и силувањата што ги извршиле тогашните српски воено-административни власти врз населението во Тиквешијата, во време на интерегрумот меѓу Првата и Втората балканска војна.

Востанието започнало со пукање врз чиновниците, офицерите, жандармите и другите претставници на српската власт во Кавадарци. За кратко време биле ослободени Кавадарци, Неготино, Ваташа, Криволак и уште 50-сетина населени места во Тиквеш. Востаниците имале свој штаб кој го сочинувале војводи и револуционери од времето на Илинденското востание. На востаниците им пристапиле и четите на Васил Чакаларов, Петар Чаулев, Милан Ѓурлуков, Христо Чернопеев, Ѓакон Евсатиј и други и нивниот број изнесувал повеќе од 1000 борци. Во Кавадарци било симнато српското знаме и било поставено Револуционерното тиквешко знаме од 1903 година на кое пишувало „Слобода или смрт", а под него "Тиквешки револуционерен округ".

По 7 дена, на 25 јуни голема српска војска предводена од Василие Трбиќ, а во чиј сосстав имало и неколку башибозучки дружини како на Јаја Ага Малиќ, Јован Долгачот, Јован Бабунски и други, успеале по големи борби да ги потиснат востаниците од Кавадарци, Неготино, Ваташа, а овие заедно со голем збег од народ, морале да се повлечат кон селата под планината Кожув.

– Српските воени власти жестоко се справиле со населението, биле убиени 545 луѓе според извештајот на Карнегиевата комисија, 1000 куќи и дуќани биле запалени, 2700 луѓе биле затворени, а повеќе од 10000 биле приморани да ги напуштат своите домови и да емигрираат во Бугарија. Најмогу жртви имало во Неготино-117, Бохула-44, Ваташа-37, Кавадарци-25, Прждево 35 и слично. Причините за Тиквешкото востание и последиците од него, претставуваат најголемиот злостор врз народот од овој крај во поновата историја на Тиквешијата, нагласи Камчевски.

Изречени 627 санкции за пребрзо возење

Вкупно 627 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден за возење со брзина над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи по спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија.

Од нив, 135 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 89, СВР Охрид – 85 и СВР Тетово – 74.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.

притисни ентер