Бајден го избра дипломатскиот тим, повеќето се луѓе на Обама

Избраниот претседател Џо Бајден го пополни својот дипломатски тим со членови од времето на претседателот Барак Обама со силна желба да ја „поправи“ репутацијата на надворешната политика на САД нарушена од постапките на Доналд Трамп.

Веќе на крајот на ноември, идниот претседател објави дека го избра поранешниот член на администрацијата на Обама, Антони Блинкен, за клучен државен секретар.

Заменик државен секретар ќе биде Венди Шерман (71), дипломатски советник во ерата на Бил Клинтон пред таа да стане потсекретар за политички работи во вториот мандат на Барак Обама.

Шерман одиграла важна улога во изготвувањето на нуклеарниот договор со Иран и работела на прашањето за Северна Кореја во владата на Бил Клинтон.

Џо Бајден во неколку наврати објави дека има намера да ги врати САД во иранскиот нуклеарен договор, од кој републиканецот Доналд Трамп се повлече во 2018 година, и повторно воведе санкции за Иран укинати во 2015 година. Но, Бајден очекува Техеран да се врати во целосна согласност со нуклеарниот договор.

Бајден денеска го номинира Брајан МекКеон, неговиот советник во времето кога беше сенатор, за помошник државен секретар за управување и ресурси. За време на двата мандата на Барак Обама, МекКион имал различни функции.

Со Антони Бликен на чело, тимот ќе има задача да „поправи“ и да даде нова слика за надворешната политика на САД, се вели во соопштението на преодниот тим на Џо Бајден и Камала Харис.

Новите лица на американската дипломатија „го отелотворуваат моето длабоко убедување дека Америка е најсилна кога соработува со своите сојузници“, објасни Бајден, се вели во соопштението.

Идниот претседател сака да ги врати САД на „морално и водечко место во светот“. „Америка се враќа, подготвена да му покаже на светот пат, а не да се повлече“, соопшти тимот на Бајден.

Со повлекување од договорот за нуклеарната програма на Иран и договорот за климата во Париз, Доналд Трамп се дистанцира од Обединетите нации, Светската здравствена организација и Европската унија и нејзините највлијателни членки за време на неговиот мандат.

Трамп се потпираше и на луѓе на кои светот на дипломатијата им беше далечен, како што се двајцата државни секретари Рекс Тилерсон и Мајк Помпео.

Џо Бајден претставува враќање кон професионалната дипломатија. Денеска тој официјално избра тројца потсекретари, три жени кои сите работеле во администрацијата на Барак Обама.

Сенатот ќе одлучи за нивните назначувања.

„Американците можат да бидат сигурни дека овие патриоти ќе ги промовираат интересите на земјата и ќе ги одржуваат нејзините најблагородни идеали на меѓународно ниво“, порача поранешната државна секретарка на Бил Клинтон, Медлин Олбрајт.

Одговарајќи на критиките од оние кои го обвинуваат дека е опколен само од поранешни функционери на Обама, Бајден истакна дека Стејт департментот ќе биде „поотворен кон различностите од кога било“.

Како потсекретар за политички работи и ова е трета највисока дипломатска должност во САД, Бајден ја назначи Викторија Нуланд, која беше највисок американски дипломат за Европа, амбасадор во НАТО и портпарол на Стејт департментот, пишува Ројтерс.

Тој го назначи Узра Зеју, кој беше помошник државен секретар за демократија, човекови права и труд за време на мандатот на Барак Обама и потсекретар за граѓанска безбедност, демократија и човекови права.

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер