Бајден би сакал да се сретне со Путин

 Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека би сакал да оствари средба со рускиот колега Владимир Путин во јуни за време на своето патување во Европа.

– Тоа е моја надеж и очекување. Работиме на тоа, истакна Бајден пред новинарите по говорот за американската борба против коронавирусот.

Тој планира да присуствува на самитот на Г7 во Корнвол во Англија, кој ќе се одржи од 11 до 13 јуни, а потоа заминува во Брисел на средба со лидерите на ЕУ и ќе учествува на самитот на НАТО на 14 јуни.

Американски и руски официјални претставници работат на организирање средба меѓу Бајден и Путин во трета земја за време на првото прекуокеанско патување на американскиот претседател откако ја презеде функцијата.

Сопругата на претседателот учествуваше во проектот „Волонтираме за солидарно општество"

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за најранливите категории кои се во социјален ризик.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети со прехрамбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата наменети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, активноста е во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество" што е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализираше заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност", со здружението за хумано-општествен развој – Проект Среќа и со волонтери од партнерски организации.

Пакетите, во соработка со здруженијата, ќе бидат распределени на семејства во социјален ризик чијашто состојба е отежната поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а дел од нив ќе бидат распределени и во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

Кабинетот на претседателот ги повикува и останатите општествено одговорни компании да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да им помогнеме на ранливите категории на граѓани, на оние на коишто најмногу им треба поддршка.

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со настап на SLOVAKIA RING

AKK Рено Спорт најавува уште еден возбудлив викенд заедно со LEMA Racing

Интернационалните настапи на македонските возачи во Twingo Cup продолжуваат викендов со настап на патеката Slovakia Ring во Словачка.

Таму ќе се вози втората трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија. Пријавени се вкупно 27 возила, од кои осум Македонци: Ненад Костовски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Преносот на натпреварите ќе се емитува на Канал 5 Телевизија во следните термини:

08.05.2021 (Сабота) Прва трка - 16:10 часот

09.05.2021 (Недела) Втора трка - 10:50 часот

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес - Грција (Јуни), Гробник - Хрватска (Јули) Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес - Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.

Во претседателската вила,,Водно“ се одржа средбата Пендаровски –Мицкоски

Се одржа средбата меѓу претседателот на државата Пендаровски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски .

Една од темите 27-ми април и можноста за повторно отворање на случајот.

Мицкоски рече дека имало нови докази и дека не барале милостина или амнестија туку правда.

Пендаровски изјави дека осудените за 27-ми април биле мотив за Мицкоски да ги одмрзне односите со претседателот и дека ако се појавиле нови докази осудените имале право да достават барање за судење од почеток..

Јана Јосифоска ја следеше средбата.

притисни ентер