Бајден бара од Сенатот да не гласа за избор на врховен судија пред изборите

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден денеска побара од Сенатот, каде доминираат републиканците, да не гласаат за кандидатот на Врховниот суд пред претседателските избори.

„Намерата на претседателот Трамп да назначи друга личност за да ја замени Рут Бадер Гинсбург, која почина во петокот, пред изборите на 3 ноември, е едноставно да покаже сурова политичка моќ“, рече Бајден во говорот во Филаделфија.

Таквото назначување, поддржано од Сенатот, ќе го зацементира конзервативното мнозинство во Врховниот суд на шест наспроти три, што може да влијае на законите и животот на САД со децении. Назначувањата во Врховниот суд се доживотни.

Бајден рече дека ако победи на изборите, ќе мора да има шанса да предложи нов судија на Врховниот суд. Тој повтори дека ќе номинира Афроамериканка ако има шанса, што ќе биде првпат во Врховниот суд на САД.

Претходно денес, друга републиканска сенаторка, Лиса Мурковски, рече дека нема да гласа за именување судија на Врховниот суд пред изборите. Со тоа таа стана вториот републикански сенатор од вкупно 53 од 100 места во Сенатот што јавно изрази несогласување со намерата на Трамп.

Вчера слична изјава имаше и сенаторката Сузан Колинс од Мејн. Трамп најави дека следната недела ќе ги објави номинациите за испразнетото место на Рут Бадер Гинсбург.

Повеќето Американци, вклучително и многу републиканци, сакаат наследникот на Рут Бадер Гинсбург во Врховниот суд на САД да биде одреден од победникот на претседателските избори во ноември, покажува анкетата на Ипсос објавена денеска од Ројтерс.

Анкетата спроведена во целата земја спроведена на 19 и 20 септември, по објавувањето на смртта на судијата Гинсбург сугерира дека многу Американци не се согласуваат со планот на Трамп.

Анкетата покажа дека 62 проценти од Американците се согласуваат дека местото во Врховниот суд треба да го пополни победникот на изборите. 23 проценти од испитаниците не мислат така, а останатите не се сигурни. 80 проценти од демократите и 50 проценти од републиканците се согласуваат со одложување на именувањето по изборите.

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

По неколкумесечно одложување, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуалната забрана на ТикТок во САД.

Предлог-законите се резултат на повеќемесечни тешки преговори меѓу демократите и републиканците, како и притисокот од сојузниците на САД и постојаните молби за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Законите, сепак, сè уште имаат гласни противници во Конгресот, а надежите за усвојување зависат од кревката двопартиска коалиција која се обидува да ги надмине големите процедурални и законодавни пречки, пренесува Би-Би-Си.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон изјави дека е решен да ги поднесе законите на гласање, и покрај фактот што радикалните републиканци може да побараат негово разрешување.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно, што значи дека некои може да поминат, а некои не.

Претседателот Џо Бајден и демократските пратеници во Конгресот со месеци се залагаат за нов голем пакет оружје за Украина, но републиканците под влијание на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп, ја условуваа помошта.

Со усвојување на законите, исто така, ќе му се овозможи на Бајден да конфискува и продава руски имот, а средствата да ги намени за помош на Украина, потег што беше прифатен и од другите земји од Г7.

Претставничкиот дом ќе ја разгледа и предложената законска одредба со која треба да се принуди ТикТок да се откаже од кинеската матична компанија ByteDance или ќе се соочи со забрана во САД, каде што има околу 170 милиони корисници.

Белата куќа соопшти дека „силно го поддржува“ вкупниот пакет помош и оти Бајден ќе ги потпише законите веднаш штом бидат усвоени од двата дома на Конгресот.

Тоа би можело да се случи за неколку дена, бидејќи лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, вети дека Сенатот со мнозинство од демократите брзо ќе преземе мерки штом бидат усвоени од Претставничкиот дом.

Сепак, политичките аналитичари во САД оценуваат дека усвојувањето на законите во Претставничкиот дом, би можело да го чини спикерот Мајк Џонсон губење на спикерското место. Неколку екстремно десничарски републикански пратеници предупредија дека може да го соборат Џонсон поради поддршката на нацрт-законите. /МИА

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40), кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер