Бачовски: Силна поддршка за земјоделците- 155 милиони евра преку субвенции

Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец е одлика на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, рече Никица Бачовски, член на извршен одбор на СДСМ.

Нашите политики и заложби се препознаени преку бројните активности, исплати, јавни повици и мерки кои имаат само една цел - финансиска поддршка и достоинствен живот за секој земјоделец, без разлика на политичките и верски определби.

Во моментот актуелен е јавниот повик за популарната мерка млад земјоделец, преку која Владата предводена од СДСМ за 4 години додели над 500 договори за неповратен грант од 10.000 евра. Чесно, транспарентно и неселективно.

Течат роковите и за мерка 7 од ИПАРД програмата, каде на располагање се 13.5 милиони евра за поддршка на земјоделците, занаетчиите, претприемачите и туристичкиот сектор во руралните средини. Продолжуваме со успешната приказна со ИПАРД како лидери на Западен Балкан.

Во деновите пред нас продолжува исплатата на субвенциите. Досега се исплатени близу 4 милијарди денари, а со усвоениот ребаланс на располагање се ставени уште 3 милијарди денари за градинарите, сточарите, овоштарите и лозарите. Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат 115 милиони евра на над 66.000 земјоделци.

Дополнително, во деновите пред нас ќе започне надополнувањето на картичките за зелена нафта. Инвестираме 3 милиони евра во поефтина нафта за над 50.000 земјоделци.

Од денес се објавени и јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште до 3 ха.

Ги отстапуваме државните земјени ресурси на македонските земјоделци. За зголемена економска активност во земјоделството, зголемени обработливи површини и производство на домашни култури.

За СДСМ земјоделството е стратешка и приоритетна гранка. Со досега незапаметена активност на институциите инвестираме во подобро утре преку директни плаќања, грантови и доделување на државно земјоделско земјиште.

СДСМ постои за секој земјоделец, работи за зекој земјоделец.

За СДСМ секој е важен. Нашата почит е изразена кон секој земјоделец.Со СДСМ земјоделецот има фер третман. Со СДСМ земјоделецот е вреднуван и ценет.


Хрватска: 15 починати 837 нови случаи на ковид -19

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 837 слачиа на зараза со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. 

Од последици предизвикани од коронавирусот во последите 24 часа починале 15 лиц граѓани се водат како активни на корона.

На болничко лекување се 692 пациенти, од нив 99 се вклучени на респиратор.

Фото: Карлеуша во латекс со фатомка на лицето

Ново провокативно издание на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната и атрактивна пејачка повторно со фотографии предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка на фотките позира во скапоцени парчиња од брендот „Долче Габан“ . Парчиња кои според податоците од интернет вредат скоро 400 евра. Долната облека Карлеуша ја надополнила со латекс панталони и ракавици.

За фановите најитересни биле фантомката и бујните гради на пејачката.

Фото: Анонимни убавици со истакнати облини

Убави девојки секојдневно предизвикуваат воздишки на социјалните мрежи.

Овие девојки знаат како да го привлечат вниманието на фановите на социјалните мрежи.

Девојките вообичаено на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои гордо ги истакнуваат своите бујни облини, посебно задниците.

притисни ентер