Азески: Проблеми со ликвидноста кон средината на мај, а со извозот во почетокот на јуни

Интензивните контакти што секојдневно се одвиваат на релација компании – Стопанска комора на Македонија, многу отворено зборуваат дека се наоѓаме пред портите на големите проблеми кои ни претстојат.

„Почнуваат големите проблеми за бизнисот", вака е насловена денешната порака на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во која тој прави куса анализа и најавува нов пресек на состојбите врз основа на кој до Владата ќе биде изнесен ставот – како приватниот сектор гледа на помошта што треба да ја добие од државата.

Азески во пораката објавена на сајтот на комората, пишува дека според информациите кои секојдневно стигнуваат од компаниите, прашањето за ликвидноста прво ќе затропа, веќе кон средината на наредниот месец, а речиси е сигурно дека почетокот на јуни ќе биде дочекан со проблеми во извозот зашто сега нарачките се сведени на минимум што значи дека третиот квартал од годината може да биде катастрофално лош.

-Интензивните контакти што секојдневно се одвиваат на релација компании – Стопанска комора на Македонија, многу отворено зборуваат дека се наоѓаме пред портите на големите проблеми кои ни претстојат. Од нас се бара енергична реакција во правец на реално информирање на Владата за моменталната состојба и очекуваме адекватен одговор за поддршка на компаниите во однос на така констатираните проблеми. Според наши сознанија, на почетокот на јуни ќе има проблеми металопреработувачката индустрија, а од јули и останатите гранки. Се најавуваат и проблеми при увозот, со оглед на актуелната ситуација и кај добавувачите, пишува Азески.

Воедно ифнормира дека раководството на Стопанската комора одлучи во текот на оваа недела да направи пресек на состојбата меѓу членките и врз основа на тој пресек до Владата да го изнесе ставот – како гледа на помошта што треба да ја добие приватниот сектор.

-Од Владата очекуваме на едноставен и прецизен начин да изнесе со колку средства, во кои рокови и кои дејности ќе бидат поддржани. Исто така, јавно ќе соопштиме дека сме подготвени по завршувањето на кризата да партиципираме во враќање на средствата назад во државниот буџет. Ние успеавме јавно да ги наметнеме сите прашања кои ја мачат македонската економија, сите прашања кои долго време беа запоставувани, сите прашања кои можат да го најдат патот кон остварување на клучните цели – владеење на правото, елиминирање на корупцијата, целосна рационализација на сите субјекти во државата. Понатаму, ќе се сконцентрираме на главните барања за итна финансиска поддршка без големи администрирања и комплицирања, насочена спрема оние дејности и гранки што можат да ја рестартираат економијата после завршувањето на здравствената криза, наведува Азески.

Сепак, додава, не е се црно во време на оваа криза, а тоа секојдневно го покажуваат стопанствениците – членки на комората.

-Оваа недела „МИК" – Свети Николе ќе го одбележи заокружувањето на инвестицискиот циклус во вредност од милион евра, со поставувањето на фотоволтаична централа која ќе придонесе за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродниот ефект, како и за добивање на европски извознички број, кој на компанијата и дава нови можности и перспективи во идното работење, а за тоа што им изразувам јавна пофалба. Дополнително, како претседател на комората, изразувам јавна благодарност до Управата за јавни приходи и јавна пофалба за нашата стручна служба, кои неделава ќе организираат бесплатна „онлајн"-обука, на која за компаниите на практичен начин ќе се презентираат усвоените мерки за помош на стопанството за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот КОВИД-19, стои во пораката на Бранко Азески.

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

притисни ентер