Азербејџан во офанзива, Ерменија соборила три авиони

Ерменското министерство за одбрана соопшти дека војската на Азербејџан започнала офанзива во северните и јужни региони на Нагорно –Карабах.

Исто така од министерството соопштуваат и дека се соборени три воени авиони на Азербејџан.

Портпаролката на ерменското министерство за одбрана на Фејсбук напиша дека во северните и јужни делови на Нагорно –карабах се водат жестоки битки со непријателот, кој во овие области концентрирал многубројни воени сили, и тргнал во офанзива.

Портпаролката навела и дека ерменските диници ја запреле офанзивата на непријателот и дека во Нагорно –Карабах се соборени три авиони на азервејџанското воено воздухопловство, пренесе ТАС.

Ватикан: Посакуваме Трамп да биде мудар затоа што, според Библијата, тоа е главната доблест

 Посакуваме Трамп да биде мудар затоа што, според Библијата, тоа е главната доблест на владетелот.

Ватикан му честиташе на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и му посака „голема мудрост“ додека се подготвува да се врати во Белата куќа.

„Му посакуваме голема мудрост бидејќи, според Библијата, тоа е главната доблест на владетелот“, изјави државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

„Верувам дека тој пред се мора да работи на тоа за да биде претседател на целата земја и на тој начин да се надмине поларизацијата што многу јасно се чувствува во овој момент“, рече Паролин на маргините на еден настан во Рим.

Коментарите на кардиналот се првите јавни изјави на официјален претставник на Ватикан за победата на Трамп.

Папата Франциск, поглавар на Католичката црква од март 2013 година, претходно ја критикуваше политиката на Трамп.

Папата во септември рече дека планот на Трамп да ја запре илегалната имиграција и да депортира милиони имигранти кои веќе се во САД е „спротивен на животот“.

Бајден ќе и се обрати на нацијата по убедливата победа на Трамп

 Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе и се обрати на нацијата по загубата на неговата кандидатка за претседател на Демократската партија Камала Харис на нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп.

Бајден ќе зборува во 16:00 часот по Гринич.

Тој се повлече од претседателската трка по неговиот слаб настап во телевизиските дебати со Трамп, покренувајќи прашања за тоа дали тој сè уште е способен за функцијата. Потпретседателката Камала Харис го замени Бајден како кандидат на Демократската партија.

Харис и Бајден ветија дека ќе му помогнат на Трамп во транзицијата на власта до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на 20 јануари следната година. Сепак, Харис рече дека не е подготвена да ја прифати визијата на Трамп за земјата.

Републиканците ја одземаа контролата на американскиот Сенат од демократите. Мнозинството гарантира дека Трамп ќе контролира барем еден дом на Конгресот следната година. Не е јасно дали републиканците ќе го задржат мнозинството во Претставничкиот дом на САД, а резултатите во десетици изборни единици се уште се непознати.

Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа

Победата на Украина во војната против Русија е во интерес на Европа, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, цитиран од британски и француски медиуми.

-Во наш интерес е Русија да не победи, нагласи тој на состанокот на европските политички лидери во Будимпешта.

Европа не може вечно да се потпира на САД за да ја гарантира нејзината безбедност, додаде шефот на француската држава.

притисни ентер