Азербејџан го нападна главниот град на областа Нагорно Карабах(ВИДЕО) - Канал 5

Азербејџан го нападна главниот град на областа Нагорно Карабах(ВИДЕО)

Азербејџанските воени сили го нападнаа главниот град на регионот Нагорно Карабах, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Азербејџан го нападна главниот град на областа Нагорно Карабах(ВИДЕО)

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Артсрун Хованисјан, не прецизираше каков вид напад започнале азербејџанските сили или какво оружје било употребено.

Тој додаде дека има повредени цивили и уништена инфраструктурата во градот.

Степанакерт е главен град на де факто независната држава Нагорно Карабах, во рамките на меѓународно признатиот Азербејџан. Има 40.000 жители и е скоро целиот населен со Ерменци.

Ерменските и азербејџанските сили не покажаа подготвеност да престанат со борбите откако избувнаа новите судири на 27 септември.

Повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и многу цивили, се убиени во тешките судири, со употреба на вооружени беспилотни летала, тенкови, хеликоптери и повеќе ракетни системи, долж поголемиот дел од линијата што ги одделува ерменските сили што го контролираат Нагорно-Карабах од азербејџанските трупи.

Ерменија денес изјави дека е подготвена да учествува во мировните разговори бидејќи меѓународните лидери продолжуваат да повикуваат на итен прекин на борбите со азербејџанските сили.

Во изјавата на 2-ри октомври, Министерството за надворешни работи на Ереван соопшти дека го поздравува претходниот заеднички повик на Франција, Русија и Соединетите Држави, копретседатели на таканаречената Минска група на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), за итен прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер