Автопатот „Струма“ бил проблематичен, но тоа не било причина за автобуската несреќа

Автопатот Струма бил проблематичен, но тоа не било причина за автобуската несреќа во која загинаа 45 патници... Една недела по трагичниот настан, бугарската министерка Комитова ги презентираше деталите од инспекцијата на автопатот... 

Патот Струма, на кој во автобуска несреќа загинаа 45 македонски државјани, воопшто не бил предвиден како автопат. По вонредната инспекција на делницата Драгичево - Долна Дикања, каде се случи трагедијата, министерката за регионален развој Виолета Комитова рече дека зачудува тоа што ограничената брзина на возење од 90 км/час, пред неколку години е зголемена на 120 км/час.

„Има норми. При пропишување на тие норми се заклучува дека тоа не може да биде автопат. Ние го гледаме тоа. И јас како и вие сум била во заблуда многу години дека тоа е автопат Струма, затоа што гледаме еден многу широк пат. Многу ленти, разделувања, пат како Сонце, прекрасен пат. Но всушност ние како возачи не можеме да ги забележиме наклонувањата, нагоре - надоле и радиусите на кривините. Затоа автопатите бараат помали наклони и поблаги кривини.“

Според архитектот Влади Калинов, кој е началникот на Дирекцијата за национална контрола на градби, мотивот за зголемување на брзината на ограничување најверојатно е промената на патната сигнализација и знаците.

„Тој пат воопшто не е предвиден да биде автопат. Тој во моментов не одговара на барањата за автопат во однос на брзината на движење. Не можеме да дозволиме движење од 140км/час по една лента по која може да возиме максимално 90 км/час, дали разбирате дека ќе изгинеме? Тоа не е нормално. И затоа зборуваме дека неопходно мора да се намали ограничувањето до 90 км/час, додека не провериме се, и да процениме на која точка на тој пат какво ограничување треба да има. “

Комитова образложи дека банкината во која удри автобусот е според стандардите кои важеле за 2002 година кога всушност се реконструирал патот а не речиси 20 години подоцна.

„Банкината била поставена по норми за 2002 година. Во 2021 година имаме нови норми кои ќе важат за сите проекти кои отсега па натаму ќе се реализираат.“

По извршената проверка на магистралата Струма, Комитова забележа и на проблеми со маркирањето на патот кое и по шест месеци по истекот на рокот, не е завршено. Овие наоди на Министерството за регионален развој треба да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

Американските телекомуникациски компании ги одложуваат услугите во 5G мрежата

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

Американските телекомуникациски компании „AT&T“ и „Verizon Communications“ се согласија да го одложат воведувањето услуги во 5G мрежата, одложувајќи го вклучувањето на базните станици во близина на клучните аеродроми за да се спречат прекини во сообраќајот.

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

„Ќе има хаос меѓу авиокомпаниите“

Новата услуга би можела да направи значителен број авиони со широки трупови неупотребливи, оставајќи „десетици илјади Американци заробени во странство“ и „хаос“ на летовите во Соединетите Држави, соопшти здружението „ Airlines for America“.

Федералната управа за авијација (FAA) предупреди дека потенцијалните пречки може да влијаат на чувствителните инструменти во авионот, како што се висиномерите, и значително да го попречат летањето со слаба видливост.

Поради тоа, „Verizon“ одлучи да го одложи вклучувањето на петстотини базни станици во близина на аеродромите, помалку од 10 отсто од планираниот број, додека не се најде трајно решение, изјавија извори во вторникот. Деталите за договорот за одложување не се објавени и не се знае кога ќе бидат вклучени базните станици.

Изложба на дела од Владимир Темков во Кавадарци

„Виножито" е насловена ликовната изложба што вечерва е отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Претставени се дела од ликовниот уметник Владимир Темков.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева посочи дека се презентирани педесетина дела со спектар од боите на виното и житото.

За 40-годишното ликовно творештво на Темков, говореше Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност при Музејот.

-Тој припаѓа во редот на хиперактивните сликари, кои секојдневно работат и по 12 часа во своите ателјеа. За тоа сведочат и над 100 самостојни и групни изложби во нашата земја и насекаде низ светот. Иако во неговиот богат творечки опус има повеќе фази, сепак има една нагласена универзална симболика за убавините на својот роден крај, истакна Цветков.

На љубителите на уметноста им се обрати и самиот автор, кој денеска слави роденден.

Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Педагошка академија, Факултет за ликовни уметности и магистерски студии завршил во Скопје.

– Има работено на повеќе работни позиции, меѓу кои и референт за култура, директор на Младински дом „Младост", директор на Дом на култура „Иван Мазов – Климе", потоа ја има извршувано функцијата претседател на Комисија за култура на бивша СФРЈ и тн. Во својата досегашна плодна уметничка кариера има реализирано повеќе проекти и интервенции од областа на уметноста и учествувано на повеќе меѓународни конференции. Има реализирано над 50 самостојни изложби, учествувано на многубројни групни изложби како и ликовни колонии, стои во неговата биографија.

притисни ентер