Околу 72 отсто од населението во Австрија е вакцинирано против Ковид-19, една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа.
"Што можете да освоите на лотаријата за вакцинација? Купони!" рече канцеларот Карл Нехамер на прес-конференција со лидерката на опозициските социјалдемократи Памела Ренди-Вагнер, со која преговара за воведување на мерката.
Нехамер рече дека сака да воведе финансиска награда за вакцинацијата. „Научивме од минатото и видовме дека лотаријата за вакцинација е најдобриот можен начин да се постави таков систем“, рече тој.
Граѓаните ќе добиваат по една картичка за секоја доза, така што оние кои добиле бустер ќе добијат три картички. Секој десетти ќе добие купон од 500 евра, рече Нехамер и додаде дека сето тоа ќе чини до милијарда евра.
Тој подоцна на Твитер појасни дека купоните може да се користат во продавници, во секторот туризам и угостителство и за културни и спортски настани. Вицеканцеларот Вернер Коглер рече дека целта е да се поддржат австриските компании и да се избегне купување преку Интернет колку што е можно повеќе.
Долниот дом на парламентот денеска ќе треба да ја изгласа задолжителна вакцинацијата против Ковид-19 за возрасните. Првично казната за невакцинирање ќе биде 600 евра, а подоцна и до 3600 евра.