Австралија близу врвот на омикрон бранот на коронавирус

Австралија претходно го ограничуваше ширењето на вирусот со строги рестриктивни мерки, а сега бележи рекордни бројки и има најголем број заразени во светот на дневна основа.

Австралија најверојатно се приближува до врвот на бранот на коронавирус, во кој доминира омикрон варијантата, соопштија денеска властите, но предупредија дека дневниот број на заразени ќе остане блиску до рекордните нивоа и „во следните неколку недели", откако се евидентирани повеќе од 100.000 случаи четврти ден по ред.

Австралија претходно го ограничуваше ширењето на вирусот со строги рестриктивни мерки, а сега бележи рекордни бројки и има најголем број заразени во светот на дневна основа.

Повеќето земји имаат усвоено стратегија на живеење со вирусот, откако е постигната висока стапка на вакцинација.

Годинава се регистрирани повеќе од 1,2 милиони случаи, додека во 2020 и 2021 година имало вкупно 200.000 случаи

– Сè уште не сме завршиле со тоа и мислам дека сè уште ќе има голем број дијагностицирани случаи во Австралија во текот на следните неколку недели, изјави пред новинарите главниот советник за здравство на австралиската влада, Пол Кели.

Сепак, движењето на инфекцијата во некои држави „ме наведува да верувам дека сме блиску до врвот на овој бран во однос на случаите", рече тој.

Бројот на заразени се намали во последните три дена, додека растот на хоспитализираните во најтешко погодениот Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, малку забави, покажуваат официјалните бројки.

Повеќето држави се борат со рекорден број на болнички приеми, а властите велат дека невакцинираните млади луѓе сочинуваат „значителен дел" од хоспитализираните во Австралија.

– Гледаме епидемија на невакцинирани меѓу младите луѓе, тоа го гледаме и кај приемите на интензивна нега, рече Кели.

Австралија е меѓу земјите со најголем процент на вакцинирани против Ковид-19. Повеќе од 92 отсто од Австралијците постари од 16 години примиле две дози од вакцината.

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата

Досега помалку од 10 отсто од луѓето во посиромашните земји примиле барем една доза, додека повеќе од 60 отсто од светската популација е вакцинирана со три или четири дози. 

Глобалната иницијатива КОВАКС, програма поддржана од ОН, започната за подеднакво дистрибуција на вакцините против коронавирус меѓу богатите и сиромашните земји, денеска побара 5,2 милијарди долари за да продолжи со набавка на вакцини во наредните месеци.

Програмата испорача нешто повеќе од милијарда дози вакцини во изминатата година, а првичната цел беше да се испорачаат две милијарди дози до крајот на 2021 година. Сепак, недостигот на готовина предизвика доцнење на договорените испораки на вакцини, поради што најголемиот дел од произведените вакцини се продадени во богатите земји.

Досега помалку од 10 отсто од луѓето во посиромашните земји примиле барем една доза, додека повеќе од 60 отсто од светската популација е вакцинирана со три или четири дози.

Новиот „Ford Mondeo“ не доаѓа во Европа

Новиот „Ford Mondeo“ ( кој е претставен во Кина) нема да пристигне во Европа каде продажбата на лимузини со средна големина со години опаѓа.

Од германски „Motor1.com “ ја контактирале локалната филијала на „Ford“ и портпаролот потврдил дека називот „Mondeo“ ќе продолжи да живее само во Кина.

Како што првично е најавено пред речиси една година, „Mondeo“ со евро-спецификација во сите три каросериски изведби, ќе биде официјално повлечен во март 2022 година кога ќе се заврши производството во фабриката во Валенсија.

Инаку тоа е еден од најстарите модели во својот сегмент со оглед на тоа дека автомобилит постои веќе со децении. Називот „Mondeo“ ќе биде укинат во Европа по 30 години откако „Ford“ со него пред три децении го замени моделот „Sierra“.

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓоковиќ купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

притисни ентер