АВМУ: Несоодветно е однесувањето на обезбедувањето на ГТЦ и обидот да се отстранат новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека е крајно несоодветно однесувањето на обезбедувањето на Градскиот трговски центар.

АВМУ смета дека е крајно несоодветно однесувањето на обезбедувањето на Градскиот трговски центар и обидот да се отстранат новинарите за време на нивното известување за средбата со сопствениците на дуќаните во ГТЦ, кои бараат истрага за случајот со криптовалутите.

-Истражувачкото новинарство е суштина на новинарската професија и тоа е клучно за остварувањето на улогата на медиумите во современите демократии. Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, поради што треба да им се овозможи непречено да известуваат за теми кои се предмет на интерес на јавноста, стои во реакцијата на АВМУ.

Во сообраќајка кај Колари синоќа загина 46 годишник од Скопје, со возилото излетал од патот

Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. 

Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот.

-На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.

Силна експлозија одекна во Санкт Петерсбург

Гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов објави дека во областа Красногварде во тој град се случил „инцидент“ во кој делумно се оштетени балконите на две куќи, но дека нема повредени.

„Министерството за вонредни ситуации и припадниците на полицијата работат на местото на инцидентот во областа Красногварде. Нема повредени“, напиша Белглов на Телеграм.

Тој изјави дека станарите од тие згради се евакуирани, пренесува РИА Новости.

Силна експлозија го потресе рускиот град Санкт Петербург рано утринава, откако беспилотно летало удрило во станбена зграда, јавија локалните медиуми, а пренесува Раша тудеј.

Како што пренесува локалниот весник Фонтанка, експлозијата се случила во северниот дел на градот, а фасадата на станбениот блок е „сериозно оштетена“.

Весникот „Известија“ објави и дека во Санкт Петербург имало експлозија која оштетила две згради и дека нема жртви.

По месец и половина, откриена е причината за смртта на претседателот на Херта

Иако неодамнешниот претседател на Херта од Берлин, Каи Бернштајн почина кон средината на јануари, јавниот обвинител дури по месец и половина ги откри причините за смртта, што ја шокираше Германија.

Да потсетиме дека Бернштајн легнал една вечер и не се разбудил утрото, а бил пронајден мртов од неговата сопруга која потоа повикала брза помош. За 43-годишниот Каи, сепак немало спас.

Во меѓувреме, германската јавност излезе со информација дека Бернштајн починал од природна смрт. Со други зборови, токсиколошките и хистолошките тестови не покажале ништо сомнително. Исто така, се верува дека причина за смртта е најверојатно срцев удар.

Бернштајн беше на чело на Херта од 2022 година, а веќе е познато дека е голем поддржувач на овој клуб и дека беше еден од симпатизерите во 90-те години.

притисни ентер