АВМУ ги објави извештаите за изборното медиумско претставување во вториот круг

Објавени извештаи за изборното медиумско претставување во вториот круг од изборната кампања за претседателските избори 2024 и парламентарните избори 2024.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес ги објави извештаите за изборното медиумско претставување за Парламентарните избори 2024 од 18 до 22 април и од 25 април до 6 мај и за вториот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 од 25 април до 6 мај. Со мониторингот беа опфатени 10 програмски сервиси на комерцијалните национални телевизии: ТВ Алсат-М; ТВ Алфа; ТВ Канал 5; ТВ Сител; ТВ Телма; ТВ 21-М; ТВ Клан Мацедониа; ТВ Шења; ТВ 24 Вести и ТВ Сонце и програмите на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал. За другите програмски сервиси се постапуваше врз основа на претставки.

Предмет на надзорот беше севкупното програмско деноноќие, од кое се анализираа облиците на изборно медиумско претставување. Од ТВ дневниците/вестите за анализа беше издвоено – централното издание, а од вкупниот обем емитувани интервјуа и дебати беа селектирани само тие чија основна содржина беа Претседателските и/или Парламентарните избори.

Сите телевизии од примерокот за мониторинг на медиумското покривање на вториот круг од Претседателските избори известуваа правично, избалансирано и непристрасно, почитувајќи го принципот на еднаквост што е професионална обврска од Изборниот законик.

Известувањето на ТВ сервисите за Парламентарните избори беше фокусирано на информирање за активностите на четирите поголеми коалиции од власта и од опозицијата: Коалицијата за Европска иднина, Коалицијата „Европски фронт“, Коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО ДПМНЕ, и Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ. Единствено ТВ Алсат - М успеа да обезбеди информации за активностите на сите 17 учесници во кампањата. Поради недостигот од примарен новинарски кадар и соодветна дописничка мрежа, ниту една од информативните редакции не успеа целосно да ја исполни обврската за избалансирано покривање на изборниот процес врз основа на принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници. За ваквата фактичка состојба одредени редакции ја известија АВМУ уште пред почетокот на кампањата од двојниот изборен процес.

Кај Јавниот сервис, уште еднаш се потврди дека ограничувањата во одредбите од Изборниот законик за поделбата на времето во вестите, не обезбедуваат суштински баланс во известувањето.

Обврската за достапност на содржините за лицата со сетилна попреченост, генерално, ја исполнија сите медиуми опфатени со анализата на мониторингот.

Извештајот за изборното медиумско претставување во вториот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 е достапен на линкот.

Извештајот за изборното медиумско претставување за Парламентарните избори 2024 е достапен на линкот.

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

Попладнево протестен марш за чист воздух во Скопје

Со протестен марш, кој ќе започне од пред зградата на Министерството за животна средина, попладнево во 16 часот „Зелен хуман град“ и неколку други граѓански инцијативи ќе го изразат своето незадоволство од загадувањето на воздухот.

Маршот потоа ќе продолжи пред собранието и ќе заврши пред зградата на владата. Причините за одржување на протестот, како што велат од „Зелен хуман град“, се смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето кои изнесуваат 17,7 отсто од вкупната смртност во државата на годишно ниво.. Секоја година во Македонија се бележат околу 3 828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм 2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето, се вели во повикот за марш од „Зелен хуман град“..

Почна собраниската расправа за предлог - буџетот за 2025 година

Собранието денеска ја започна петдневната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Согласно деловникот на Собранието, на седницата пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути.

Претставникот на владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска пред пратениците истакна дека следната година ќе биде инвестициска и додека власта тврди дека буџетот е развоен, од опозицијата се пожалија дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен..

Врховен суд: Неопходно е приоритетно да се постапува по извештаите на Стејт департментот

Врховниот суд на Македонија како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.

Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности.

Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно

е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба.

Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија, соопштуваат од Врховен суд.

притисни ентер