Авиолинија Скопје-Крф од 1 јуни со Ејџијан Ерлајнс

На линијата Скопје-Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија Ејџијан Ерлајс, до крајот на септември, со две неделни фреквенции, или секојa сабота (недела) и секој вторник (среда). 

Директна сезонска авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф ќе биде воведена од 1 јуни годинава. Патувањето до оваа летна дестинација ќе трае еден час и 15-тина минути, објави денеска ТАВ Македонија, операторот на македонските аеродроми.

На линијата Скопје-Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија Ејџијан Ерлајс, до крајот на септември, со две неделни фреквенции, или секојa сабота (недела) и секој вторник (среда).

Времето на поаѓање, во сабота и вторник, од скопскиот аеродром ќе биде во 21:35 часот (локално време), а времето на пристигнување на аеродромот во Крф во 23:50 часот (локално време), додека времето на поаѓање, во недела и среда, од аеродромот во Крф ќе биде во 00:20 часот (локално време), а време на пристигнување на скопскиот аеродром во 00:30 часот (локално време).

-Како аеродромски оператор, ние сме пресреќни што го најавувавме воведувањето на новата сезонска авиолинија на AEGEAN што ќе го поврзе Скопје со Крф, од 1 јуни. По Атина и Сараево, директниот лет до Крф ќе биде третата дестинација што AEGEAN ја воведува од Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа нова авиолинија за рекреативен туризам е доказ дека партнерството и соработката со AEGEAN продолжува со проширување на поврзаноста на Скопје. Оваа авиолинија ќе обезбеди леснотија и удобност за нашите патници кои сакаат да стигнат до еден од најатрактивните грчки острови како нивна дестинација за одмор, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Претставниците на ТАВ Аеродроми потенцираат дека оваа нова сезонска авиолинија дополнително ќе го збогати портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје и мапата на мрежата на авионски конекции, особено што, како што истакнуваат, Крф е атрактивна летна дестинација до која сега може да се стигне за само еден час и 15-тина минути.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ги заврши јануари и февруари 2024 со 243.244 патници на двата македонски аеродром – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што претставува пораст од 47 проценти споредено со јануари и февруари 2023 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома во првите два месеца е 1.931, со 38 проценти годишен пораст.

„Екс Ју авијација“: Ејџијан ерлајнс“ го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември

Грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летови меѓу Скопје и Сараево, по повеќе од една година оперирањето на оваа релација, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.

Ејџијан ерлајнс, стои во објавата, првично планираше да ја опслужува линијата три пати неделно во ноември и декември и двапати неделно од јануари. Потоа планираше летови до 7 декември, со ограничена работа за време на празничниот период од крајот на декември до почетокот на јануари, но сега ги отстрани сите летови од крајот на ноември.

Продажбата на билети на линијата за летната сезона во 2025 година исто така е прекината.

На крајот на август „Екс Ју авијација“ објави дека „Ејџијан Ерлајнс“ во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина - Скопје и ќе ја опслужува четирипати неделно, што е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона. Линијата Скопје-Атина, по десетгодишен прекин, профункционира од ноември 2018 година.

Папас смета дека политиката на соработка со Македонија е замрзната

Претседателот на пратеничката група на СИРИЗА смета дека политиката на соработка со Македонија е замрзната

Ставовите дека „Преспа беше големо достигнување на грчката надворешна политика“, но и дека активностите за време на владата на СИРИЗА сега се замрзнати, а „се замрзнаа во корист на догмата на неподвижност“, ги изрази претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Никос Папас одговарајќи на новинарско прашање за Договорот од Преспа на прес-конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Папас посочи дека Договорот дојде и поради политичката промена во Грција во 2015 година, но и како „резултат на визијата“ на тогашната грчка влада за „земјата да биде протагонист во регионот“.

-Со нашата влада, не само што решивме големо прашање кое десничарското лицемерие никогаш не дозволуваше да се реши, туку земјата ја направивме протагонист на Балканот и во поширокиот регион. Се зајакнаа трилатералните сојузништва. Посетите на Алексис Ципрас на Балканот и неговите иницијативи беа безбројни. Јас не сум учествувал на поголем трговски форум од оној што се одржа во Македонија. Стотици грчки бизниси и бизниси од Македонија се сретна и ги покажаа можностите, а за жал оваа политика се замрзна и се замрзна во корист на догмата на неподвижност. Но, знаете, кога си ти неподвижен, не престанува и светот околу тебе да се движи и особено ако имаш бучен сосед на исток, агресивна и ревизионистичка сила во однос на меѓународното право, ова е на товар на националните интереси, рече претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

Дополнително посочи дека „потребно е Грција да се врати на енергичната повеќедимензионална надворешна политика“, бидејќи е силна земја и „не може да се однесува како исплашена, бидејќи има Влада која со идеолошки кочници, неприлагодливост и членови кои уценуваат, не го спроведува она што се подразбира“.

На Меѓународниот саем традиционално секоја година, првиот викенд се одржуваат говорот и прес-конференција на премиерот на Грција, а последниот викенд, непосредно пред затворањето е прес-конференцијата на лидерот на главната опозиција, меѓутоа поради случувањата во СИРИЗА и изгласаната недоверба за Стефанос Каселакис, опозициската партија во Солун ја претставува претседателот на пратеничката група.

Никос Папас одговори на над 40 прашања од новинарите на прес-конференцијата што траеше нешто повеќе од два часа, а акцентот беше на внатрешно-политичките случувања во СИРИЗА во пресрет на изборите за нов претседател на крајот на ноември./МИА

Централна Европа се бори со разорни поплави, пријавени загинати и исчезнати

Неколку лица загинаа а илјадници домови се поплавени додека жителите и властите низ Централна и Источа Европа продолжуваат да се борат со поплавите и обилните врнежи кои ги донесе циколонот Борис.

Најлоша е ситуацијата во Романија, каде властите соопштија дека загинале четири лица во регионот на Галати.

-Овде никогаш претходно немало толку вода. Сега се е уништено, се. Ништо не ми остана.

Посериозните поплави зафатија околу 20 општини во осум романски области.Оштетени се повеќе од 5.000 куќи, а стотици жители се евакуирани. Спасувачките екипи се на терен.

-Колку долго бевте заглавени во домот?

-Долго, се додека не ми помогнаа да излезам.

-Имате ли некој овде?

-Немам никој. Сама сум.

-Се уште има луѓе, но до нив можеме да дојдеме само со моторни чамци.

-На таванот се, таму се качиле. Еден човек е на покривот.

-Среќен сум што бргу скокнав од кревет. Инаку водата ќе ме однесеше.

Сериозна е и состојбата во Чешка каде поради обилните врнежи и надојдените води пукна брана во регионот Јужна Бохемија. Пво најпогодените места жителите се евакуираат а над 50 илјади домаќинства во северните области на земјата останаа без струја.

-Ќе ги затворам сите врати со се што можам. Во 1997 година целата куќа ми беше срушена, во 2010 имаше вода до колена.

Според последните информации три лица во Чешка се водат за исчезнати. Во чешкиот главен град, Прага, властите воведоа мерки за спречување на поплави.

-Го очекуваме и најлошото, така да добро сме подготвени. – Терези Радомершка – Градоначалник на општина Прага 1

Алармот е вклучен и во Полска каде поради поплавите е пријавен еден смртен случај. Најтешко се погодени областите во Долна Шлезија во близина на границата со Чешка. Таму се евакуирани околу 2000 жители.

-Во сливното подрачје на Одра издадено е предупредување и аларм на околу 50 места. Мислам дека ќе биде слично и во Слежи и исто така овде во Вроцлав, само е прашање на време. Но сега е се под контрола. – Јачек Сутрик – Градоначалник на Вроцлав

Полските властии ги повикаа жителите да соработуваат со службите за итни случаи кога ќе биде побарано да се евакуираат од своите домови.

-Сигналите што ги добиваме од Чешка, околу нивните мерења на висината на водите. Тие од една страна, според прогнозите се намалуваат, но висните на водостоите се вознемирувачки. Па можете да очекувате дека водата и овде ќе биде алармантно висока. – Доналд Туск – Премиер на Полска

-Се што се случува во Чешка, тамошните водостои, врнежите се од клучно значење за она што ќе се случува неколку часа подоцна на полска страна. -– Томас Сјемонијак – Министер за внатрешни работи на Полска

Во следните два дена пообилни врнежи се предвидуваат и во Австрија.

-Во таков случај реките и потоците сигурно ќе надојдат, ќе се излеат во толкави размери што не е видено со децении. – Георг Шродер – Командир на противпожарна бригада

Делови од Австрија се покриени и со снег. Во повисоките планински предели на Алпите затрупани се автомобили и блокирани се премини пред приватни куќи. Фармерите пак се принудени да ги спуштат стадата во пониските места.

Во Србија веќе е издадено предупредување за доаѓање на циклонот Борис. Според најавите зафатена ќе биде Војводина, а потоа циклонот ќе слабее. Во Македонија ќе има дожд, но не се очекува невреме.

притисни ентер