Авганистанските новинари молат за меѓународна помош

Повеќе од 100 авганистански новинари ја повикаа меѓународната заедница активно да ја заштити слободата на медиумите во Авганистан, пренесува агенцијата Dpa.

Во моментов, најважно е да се добијат безбедносни гаранции, особено за новинарите, се вели во анонимната жалба на групата преку Репортери без граници (РСФ). Честите напади врз новинарите и мешањето на талибанците во нивната работа ги натера да се плашат од најлошото, велат новинарите.

Апелот, насловен „Новинарите во Авганистан во опасност од исчезнување“, е потпишан од етнички и политички разновидна група од 103 новинари, уредници и фоторепортери, вклучувајќи 20 жени, соопшти РСФ. Повеќето од нив се уште работат во Авганистан, некои се кријат, а 10 се во егзил. Сите сакале да останат анонимни од страв од одмазда кон нив или членовите на семејствата.

Новинарите бараат итна конкретна помош за да работат редакциите во Авганистан. Тие исто така бараат привремена дипломатска, конзуларна и финансиска помош за евакуација на ранливите новинари. РСФ го поздрави ветувањето на германското Министерство за внатрешни работи дека ќе прими 2.600 Авганистанци на кои им е потребна посебна заштита, како и нивните семејства.

РФС на германското Министерство за надворешни работи му го предал списокот со имињата на повеќе од 152 новинари кои се во голема опасност по својот живот во Авганистан. Меѓу нив има десетина новинари.

"Талибанците покажаа дека нема да ја толерираат слободата на медиумите, ниту во Кабул ниту во провинциите. Постои закана од враќање во петгодишниот мрачен период од првото владеење на талибанците", изјави извршниот директор на РСФ, Кристијан Михр.

Почна обуката на членовите на Доброволното противпожарно друштво во Кочани

Новоформираното Доброволно противпожарно друштво од Кочани денеска ја реализираше првата обука на своите членови, со што идните пожарникари се запознаваат со основите на дејноста што ќе ја извршуваат волонтерски.

Вклучени се педесетина доброволци, кои се распоредени во три групи, а теоретската и практична обука ја имаат во соработка со професионалната Територијална противпожарна единица.

– По презентацијата на целите и програмата на Друштвото, вработените во ТППЕ – Кочани ни ги претставија причините за избувнување пожар и начинот на лична заштита, како и опремата и возилата со кои располагаат, што за почеток ќе ги користиме и ние. Во втората фаза од обуката ќе излегуваме на терен, со што и практично ќе ги учиме постапките при интервенција. Најпрвин ќе спроведеме обуки за гаснење шумски и пожари на отворено, а потоа и на објекти, истакна Златко Илиев, претседател на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Покрај обуките, се работи и на обезбедување потребна техничка опрема и униформи за пожарникарите волонтери, а добиени се најави за донација на возила од Австрија и Словенија.

Доброволното противпожарно друштво во Кочани беше оформено пред еден месец по граѓанска иницијатива, а со поддршка од Локалната самоуправа која за негово поефикасно дејствување и работа обезбеди просторија во објектот на Територијалната противпожарна единица. /МИА

Коњановски: Создаваме нова иднина за Битола

Очекуваме нови инвестиции, да ги откочиме процесите кои 4 години беа стопирани, вели Коњановски.

Почитувани,

Прво да заблагодарам за огромната поддршка од граѓаните на Битола кои ја дадоа во неделата, за нивната храброст, достоинствена одлука, излезеност во масовен број. Тоа го очекувам повторно и во недела.

Низ целата наша програма провејува фактот дека локалниот економски развој во основа на се, за развојот на Битола, пред се.

Очекуваме нови инвестиции, очекуваме да ги откочиме процесите кои беа стопирани во изминативе четири години. Знаеме дека во Битола нити една странска инвестиција или домашна инвестиција не доби можност. Веројатно вратите на Општината беа затворени.

Со помош еве на претседателот Христијан Мицкоски тоа го кажа, ние и во повеќе наврати разговаравме за тоа, во најава е нова инвестиција и не само таа, очекуваме она што граѓаните младите да си ги задржиме само преку локалниот економски развој и отворена врата на Општината за нови инвестиции и за нови вработувања во Битола. Само на тој начин можеме да излеземе од оваа баруштина која се наоѓаме.

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола

Окрупнување или раситнување на парламентарното мнозинство?

Дали исходот во Скопје ќе биде пресуден за извршната власт?

По најавите од премиерот Заев дека не може да продолжи напред доколку Скопје добие градоначалник поддржан од опозицијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски оценува дека оставка од неговиот противник нема да се реализира, бидејќи и во минатото имал променливи позиции.

Заев во синоќешното интервју, не даде конкретен одговор дали ќе даде оставка доколку СДСМ изгуби во Скопје и поголемиот дел од општините во вториот круг. Кажа дека оди на се или ништо, а по 31ви очекува и окрупнување на мнозинството во Собрание.

Од власта уверуваат дека владиното мнозинство е стабилно, иако и Биљал Касами и Теута Арифи за Тетово бараат поддршка од другите политички партии. Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа вели дека СДСМ не може да се меша кога се наптреваруваат двајца кандидати од власта.

Алијанса за Албанците најави поддршка за Беса во Тетово, но Алтернатива не се согласи на таквата одлука на нивниот коалиционен партнер.

Инаку, влера Мицкоски и Села се договорија за меѓусебна поддршка во вториот круг таму каде што имаат нивни кандидати, а во Кичево ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка и од поранешниот функционер од ДУИ Фатмир Лимани кој во првиот круг се тркаше како независен кандидат.

притисни ентер