Авганистан ослободи 900 Талибанци и бара продолжување на примирјето , што истекува вечерва

Авганистанската влада побара од Талибанците да го продолжат тридневниот прекин на огнот што истекува вечерва, додека се најавува ослободување на 900 членови на бунтовничката група.

Ослободувањето на Талибанците е дел од размената на затвореници според договорот меѓу Талибанците и САД во Доха во февруари, како предуслов за мировните преговори меѓу исламистичките милитанти и авганистанската делегација составена од претставници на повеќе групи.

Целта на преговорите е да се стави крај на дводецениската војна.

„За подобро решавање на прашањето за размена на затвореници, важно е да се продолжи прекинот на огнот“, рече Хавид Фајсал, портпарол на советникот за национална безбедност на авганистанската влада.

Тоа, рече тој, е неопходно за да се избегне понатамошно крвопролевање и авганистанската влада е подготвена за тоа.

Прекинот на огнот истекува на полноќ и Талибанците допрва треба да се изјаснат за негово продолжување.

Процесот на ослободување на затворениците започна во април, но е бавен поради тензиите меѓу Талибанците и владата. Според договорот во Доха, владата треба да ослободи 5.000 затвореници.

Талибанците треба да ослободат 1.000 припадници на авганистанските безбедносни сили.

Досега, владата ослободила 1.000 затвореници , а Талибанците 105.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер