Аудио ,,бомби“ за Заев и Мицкоски во финишот на кампањата

Очекувано, и на последниот ден од камапњата во јавноста се појави нови нелегално снимени аудио материјали, во кои се слушаат гласвоите на Мицкоски и Заев.

Прво, утрово одекнаа 4 т.н. бомби на Јутјуб каналот Обнова на режимот, во кои се слуша како Мицкоски разговара со 8те независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ..

Во првиот, наречен најважна работа се предметите на СЈО, Мицкоски објаснува зошто е против законот за јавно обвинителство што тогаш беше на маса..

-Понатаму, третата активност која што е не помалку важна, можеби најважна, е Законот за јавното обвинителство. На комплетно нелегален начин ги префрлија предметите таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани, за политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународната заедница и пред нас и така натаму – вели Микцкоски во снимката..

Понатаму, во втората снимка наречена Лицемерие се слуша како Мицкоски ги уверува пратениците дека одел по општинските комитети и се залагал тие да не бидат напаѓани..

Во третата снимка, Мицкоски, на 8-те пратеници им вели дека за вистината нивното дејствување еден ден ќе излезе, особено по изборите.

-Знаеш што, работите не се црно бели, секој има своја субјективна причина како ќе изгледа. Јас нема да навлегувам во материјална дискусија како било, што било, но еден ден како што велиш ти, вистината ќе мора да излезе на виделина. Еве јас, тој ден го чекам. Тој ден сега не може да биде. Прво на вас ќе ви биде непријатно да ја кажете вистината, ама кога ќе се сменат работите после 12-ти, се надевам дека ќе се погледнеме вака сите во очи, овдека или на друго место, и ќе си ја кажеме вистината,Но, она што е сега.. – вели Мицкоски..

Во последната, четврта снимка пак, се говори за некаква понуда што ВМРО-ДПМНЕ ќе им ја даде..

-На следните парламентарни избори. Јас не знаев дека постои амбиција од тој, Сашо дека, се очекува понуда.. Се надевам дека многу скоро, на следната наша средба можеме и ние да размислиме за една таква понуда и да излеземе со понуда. – вели Мицкоски во снимката..

По објавувањето на разговорите, се огласија од незваинста пратеничка група. Велат дека разговорот се слушил во канцеларијата на координаторото Никола Мицевски и траел многу подолго од објавените исечеоци. Го осудија и се оградија од како што ги нарекоа, ваквите игри..

Попладнево, се објави и нова бомба за лидерот на СДСМ Зоран Заев во која се споменува адвокатот Димишков и сума од 6 милиони евра..

Снимката трае 12 секунди, но јасно се забележува дека е сечена на најмалку две места.

Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совет ми даде, што да правам бара пари – вели Заев на почетокот..

Потоа, во вториот дел од снимката вели

-значи он ќе рече 6 милиони евра..

Последната реченица од оваа кратка снимка е спорна и отвори дилеми, бидејќи не може јасно да се разбере.. Во транскриптот на снимката, тој што ја објваил тврди дека Заев вели ..

6 милиони евра, викам важи, јас влегувам во оваа работа..

Но, од СДСМ експресно реагираа дека Заев всушност го употребува зборот МАРШ, наместо ВАЖИ, што дава сосема друга конотација на снимката..

Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот! - реагиараа од СДСМ...

НАСА бара поевтин начин за земање примероци од Марс: Мисијата е прескапа и неефикасна

НАСА бара поевтин, поедноставен пристап кон еден од нејзините најголеми научни приоритети - носење на Земја на скапоцени примероци од почвата собрани на Марс, соопштија претставници на американската вселенска агенција.

Официјален повик за предлози ќе биде испратен денеска до различни центри и лаборатории на НАСА, како и до компании од вселенската индустрија, со цел да се реконструира програмата во услови на ограничувања на трошењето и зголемување на трошоците, соопштија директорите на НАСА, а пренесува Ројтерс.

Претставниците на Агенцијата во конференциска врска со новинарите рекоа дека очекуваат да бидат поднесени алтернативни планови оваа есен или почетокот на зимата.

Помошникот администратор на НАСА, Ники Фокс, рече дека плановите ќе се фокусираат на „иновации и докажана технологија“, наместо на нови технолошки скокови, како дел од намалувањето на ризикот и трошоците.

Повикот за редизајн на стратегијата за носење на примероците од Марс доаѓа по независниот преглед нарачан од НАСА во септември минатата година, по што заклучиле дека мисијата од самиот почеток следела нереални буџети и очекувања.

Анализата покажала и дека организацијата на мисијата е гломазна и дека не се спроведува ефикасно.

Мицкоски од Гевгелија: На Македонија ѝ треба претседател а не измеќар на ДУИ

„Македонија е пред историска одлука. Ова се повеќе од обични избори каде се носи судбоносна одлука за иднината на државата, за вас и вашите семејства. “

„Македонија е пред историска одлука. Ова се повеќе од обични избори каде се носи судбоносна одлука за иднината на државата, за вас и вашите семејства. Ова се избори каде директно вие одлучувате за вашите судбини и со вашиот глас ја враќате контролата над државата која ви е одземена“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гевгелија.

Мицкоски додаде дека најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со Македонија и на нивните слуги од СДСМ.

„Нема ниту една услуга која системот треба да ви ја обезбеди, а да не мора да ја добиете на потешкиот начин или воопшто да не ја добиете. Корупцијата е најшироко рапсространета. Денес мито се бара за најобични услуги кои системот има обврска да ги обезбеди. Криминалот стана нормална појава во институциите“, рече Мицкоски.

„Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тое се блиски луѓе на власта“, нагласи тој.

Тој посочи дека СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата.

„Затоа овие избори се и за тоа да си ја вратиме Македонија во рацете на народот. Промените се во ваши раце, за да Македонија биде повторно твоја, повторно ваша. Македонија мора да ја направиме горда. Или тие од власта или народот. Или нивна или наша заедничка“, порача Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека 24-ти април е одговорот. И цврсто е уверен дека ќе им се случи народ. Затоа што предолго го потценуваа и газеа. Затоа што предолго го потргнуваа настрана и правеа место единствено за нивните од власта.

„Затоа што не потценуваат и ја навредуваат нашата интелегенција кога велат дека ќе продолжат да владеат како до сега. На нивната стратегија како до сега, народот на овие избори ќе им каже готово е. Доаѓа крајот“, укажа тој.

„Затоа потребно е масовно да се излезе и да се гласа за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова. Гордана е решението за претседател на Македонија. Жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија. Која има свој став, и таа до крај се бори за него, затоа што верува во него. Гордана покажа лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем, работи кои овие години најмногу беа поганети од оваа власт во заминување. На Македонија и треба претседател а не измеќар на Али, Артан, Бујар, Талат и останатите од ДУИ“, порача Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Николоски: Пендаровски е свесен дека го чека огромен пораз и затоа навредува

Пендаровски навредува на најнизок можен начин и тоа покажува во какво бунило е и е свесен дека поразот ќе биде огромен. Пендаровски не одговори на ниедно од прашањата кои му ги поставуваме. 

Сака да се претставува како чесна личност, а е најдволичниот човек кој се занимава со политика, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ4, Александар Николоски на митингот во Гевгелија.

Николоски истакна дека веќе сме скоро на недела дена до гласањето, а Пендаровски не одговори на три клучни прашања.

- Прво каков е тој чесен човек кој потпишува измени на кривичен законик со кој се амнестира високиот криминал и корупција во Македонија? Второ каков е тој чесен претседател кој збор нема кажано за ниедна афера на СДС и ДУИ, а особено на ДУИ? Трето каков е тој чесен претседател кој прифаќа кампањата да му биде финансирани со народни крадени пари? – вели Николоски.

Николоски нагласи дека Пендаровски исто така должи одговор и на цела јавност што стори изминативе 5 години, по што ќе го паметиме освен распродавање на македонските национални интереси?

- Дали успеа да ја претстави Македонија добро надвор? Дали се бореше Македонија внатре? Дали бараше повеќе ред и правда, дали влијаеше во судскиот и обвинителскиот совет да има владеење на право или можеби донесе странски инвеститор? Одговорот сите го знаете, тоа е едно големо НЕ. Исто и СДС и ДУИ со прст не мрднаа, камен немаат ставено, во Гевгелија не може да видиме една работа која ја имаат направено, рече Николоски.

Николоски додаде дека затоа во корона кризата истиот кој е носител на СДС во ИЕ 4, Венко Филипче беше министер за здравство и исто како сега ангажираше пиар агенции да му водат личен пиар и да го промовираат во јавноста не дојде ниеднаш во Гевгелија да се соочи со суровата реалност, а тоа е дека 131 човек го загубија животот во тие две години на пандемија на корона, додека тој водеше лична промоција.

- Тоа го нема во ливчињата кои ги добива од агенцијата Рејтинг за која плаќа по 100 евра од текст во медиумите кои објавуваат за Филипче. Пред некој ден имаше 18 текста, тоа за еден ден е 1800 евра. Тоа не се негови пари, тоа се ваши пари кои ги искрадоа во годините наназад. Затоа не треба никому да е чудно што македонското здрваство е на историски најниско ниво, а прв пат се случува 400 млади лекари на специјализација да излезат на протест и никој не сака да ги слушне, изјави Николоски.

Николоски посочи дека Филипче не одговори која е неговата улога во случајот со Онкологија и семејството Пановски каде терапија не беше давана на болни од карцином, до денес не одговори колкава е провизијата која ја зеде од компанијата Стабри регистрирана за трговија со јужно овошје за вакцините кои никогаш не стигнаа во Македонија па мораше македонските граѓани да одат во Србија и Бугарија.

Не одговори ни каква е неговата улога за притисокот на сопственик на приватна болница да ја продаде на бизнисмен од Гевгелија или најболната за пожарот во модуларната во Тетово каде 14 луѓе го изгубија животот. На ова ќе мора да се даде одговор, изјави Николоски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер