Атанасовски: Македонска Каменица ќе добие рекреативен центар со содржини за млади и возрасни

Ние гледаме кон иднината, кон едно посветло поглавје во историјата на Македонска Каменица, изјави на денешниот митинг кандидатот за градоначалник на Општина Македонска Каменица на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  Димчо Атанасовски.

Како негови приоритети доколку биде избрана за градоначалник Атанасовски ги наведе изработка на стратегија за долгорочен економски развој на општината и создавање на здрава основа за враќање на иселениците во нашата општина, изградба на станбена зграда за субвенционирано социјално живеење и на пензионерски дом и промоција на Македонска Каменица како место каде граѓаните можат да ги живеат пензионерските денови, доделување парична помош за социјално ранливи лица, отворање на посебна наменска сметка на која секој од Република Македонија или странство ќе може да донира парични средства за лекување на жител на Македонска Каменица, субвенции за фотоволтаични електрични системи, печки на пелети и пелети за граѓани во социјален ризик, како и поставување на споменик во чест на сите жртви на страната на македонските безбедносни сили од конфликтот во 2001 години, изградба на патека до споменикот и негово осветлување и партерно уредување.

Атанасовски посочи дека ќе се изгради и изградба на рекреативен центар со содржини за млади и возрасни лица, а ќе распише и тендер за набавка на медицински услуги за специјалист интернист, очен лекар, педијатар и други доктори, кои по претходно утврден распоред ќе пружаат бесплатни здравствени услуги во здравствената станица или во селските средини.

– Нашата градска мајка во 2017-та година изјави: „Ве сакам сите"! Во изминатите четири години, наместо љубов, од градската мајка добивме еден куп неисполнети ветувања, партиски вработувања, сомнителни тендери, популистички и промашени проекти, очај и назадување. Вети многу, а реализираше малку, истакна Атанасовски, додавајќи дека сегашната локална власт мора да си оди.

Тој истакна дека ако стане градоначалник ниту еден граѓанин кој што чесно си го заработува своето парче леб нема да биде избркан од работа.

– Јас и мојот тим имаме доволно капацитет, способност и желба да обезбедиме работа за секој од вас и Македонска Каменица ќе биде за сите луѓе, да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Република Македонија, да сте ми живи и здрави, нагласи Атанасовски.

Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени

Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, соопшти УХМР.

Три степени под нулата утрово се измерени на Попова Шапка, пет во Скопје, шест во Берово, Охрид, Битола, Штип и Струмица, а девет во Гевгелија.

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Наместа дуваше умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов

Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, годинава ќе се реализира во чест на Мирко Попов, најавуваат организаторите на фестивалот.

На конференција за печат што ќе се одржи денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во пресрет на манифестацијата ќе присусуствува тимот на фестивалот Виолета Качакова и Владан Дробицки. На прес - конференцијата ќе бидат и дел од изведувачите: актерот Оливер Митковски, како дел од музичкиот проект „Поетроника“, пијанистката Дуња Иванова и маестро Љупчо Мирковски, под чија диригентска палка ќе настапи Биг Бендот со музика на легендарниот Кире Костов.

Сите фестивалски вечери ќе се реализираат во Филхармонијата и во Лабораториум.

ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови

 Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали

Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, а таму каде што ги има да се исчистат, бидејќи може да направат брана и да се илее водата од нив.

Бидејќи се очекува и силен ветар, истовремено се упатува апел да се внимава на работите што може да „одлетаат“ од градбите во населбите и особено на градбите што се во изградба, на градилиштата, треба да се обезбедат сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓе коишто се во околината. Ако се престојува на планина препорачливо е да се има доволно гориво во возилото и да се внимава на планинските патишта.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер