Асанж се појави во судница во Лондон , одбиено барањето за одложување

Основачот на Викиликс , Џулијан Асанж се појави денбеска пред судот во Лондон на сослушувањето дали да биде предаден на САД поради обвининија за шпионажа.

Судот го отфрли барањето на адвокатот на Асанж за одложување на судското рочиште.

Процесот за екстрадиција на Асанж ќе продолжи во февруари 2020 година, како што беше закажано, откако судијката Ванеса Бараистер го одби барањето на неговите адвокати за тримесечна одложување, за да имаат повеќе време да се подготват за судење.

Асанж ја крена тупаницата во судницата, соочувајќи се со неговите приврзаници . Тој дојде на сослушувањето свежо избричен, што беше различно од изгледот со долга брада што ја имаше додека живееше во еквадорската амбасада.

Четириесет и осумгодишниот Асанж во САД е обвинет за 18 обвиненија, вклучително и заговор за пробивање на владин компјутер и кршење на законите за шпионажа. Ако биде осуден, би можел да помине неколку децении во затвор.

Австралиецот славеше на почетокот на 2010 година кога Викиликс објави класифицирано американско воено видео од нападот во 2007 година во кој десетици луѓе беа убиени од хеликоптерите „Апачи“ во Багдад, меѓу кои и двајца вработени во „Ројтерс“.

Бунтовниците го сметаат за херој кој открива злоупотреба на моќта на современите држави и симбол на слободата на говорот.

Руските научници ја завршија првата фаза од клиничките тестирање на вакцината против Ковид – 19

Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ објави на 12 јули дека е завршено тестирањето на вакцина против Ковид-19 од руско производство. 

Ова го соопшти Вадим Тарасов, директор на Институтот за транслациона медицина и биотехнологии на Првиот медицински универзитет.

Клиничкото тестирање на безбедноста на вакцината е вршено на Првиот медицински универзитет. Целта на клиничкото тестирање беше да се провери безбедноста, а не ефикасноста на новиот препарат.

Научниците планираат до 28 јули да ја завршат следната фаза клинички тестирања, насочени кон проверка на ефикасноста на новата вакцина.

Научниците проценуваат дека масовното производство на препаратот ќе започне до почетокот на септември 2020 година. Неопходно е таа претходно да добие сертификат од руските медицински органи, а тој процес ќе трае неколку дена и ќе биде завршен до почетокот на август.

ЗЕВЗЕК ИЗБОРИ 2020 - Пази петарда!

Единствено на Канал 5! Зевзечки поглед на ИЗБОРИ 2020 - утре во 12:00, 13:00, 14:00, 16:00 и 17:00 часот, на програмата на Канал 5!

Не пропуштајте!

ЗЕВЗЕК ИЗБОРИ 2020 - Пази петарда!

Бритни Спирс ги загрижи фановите со објавата на Инстаграм

Новите фотографии објавени на Инстаграм од пејачката Бритни Спирс ги загрижија нејзините обожаватели.

Таа најпрвин објави фотографија од себеси како држи букет маргаритки и со порака што за некои им беше чудна.

„Бог е во малите работи, сè е важно“, напиша таа до фотографијата на која некои ги забележале неуредните нокти со изгребан лак за нокти.

„Дали ни испраќа повик за помош со овие нокти?“ се прашуваа фановите, а многу други изразија загриженост, читајќи го истиот повик на фотографијата со цвеќиња.

Таа наскоро објави фотографија на која позира во жешки панталони и кратка маица и со малку замачкана шминка.

„Бог да ве благослови сите“, напиша таа покрај фотографијата.

Следеа веднаш барањата од обожавателите да објави видео, за да им покаже дека е во ред.

"Брит, добро сте. Ве молиме, објавете видео за сите загрижени фанови", "Бог да те благослови, сите се бориме за вас", "Шминката околу очите е повик за помош", "Ако сте во опасност, облечете на следната фотографија нешто розово “, и пишале фановите.

GOD BLESS YOU ALL !!!!!

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Некои дури заклучија дека фотографиите воопшто не ги објавува таа и дека ова е знак дека е во опасност. Започнаа да пишуваат во коментарите дека полиција треба да биде испратена на нејзината адреса.

„Дали некој ја знае нејзината адреса? Треба да ја повикаме полицијата да ја провери нејзината состојба. Повикајте ги сите да ги поплават со повици“, беа некои од коментарите.

притисни ентер