Мигрантите стигнале по најавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ги отвори границите и ќе ги пушти мигрантите да влезат во Европа, јавува агенцијата „Франс прес“.
Мигрантите, меѓу кои има Сиријци, Авганистанци и Ирачани, доаѓаат од правец на Истанбул.
Меѓу мигрантите има жени и деца и тие еден по еден се движат кон граничниот премин Пазаркуле, рекол дописник за „АФП“.
Меѓународната организација за миграција соопшти вчера дека околу 13.000 мигранти веќе пристигнале на турско-грчката граница.