Јавниот обвинител ви потврди дека Зоран Заев го пријавил случајот, рече Заев. Тоа е доказ дека јавниот обвинител е сервилен, рече Мицскоски.
Ако имам контакт со Груевски, ќе потврдам, во просторијата има луѓе што имаа повеќе контакти од мене со него. Јас немам контакт, рече Мицкоски.
Во врска со снимката што ја објави Милошоски, се убедувавме за аргументите зошто треба да се донесе законот за ЈО, рече Заев. Заробена држава е кога се прави закон за да одбрани одредена група на луѓе, рече Мицкоски.
Ќе го поништите договорот од Преспа или не ако дојдете на власт, праша Заев. Дали вие испративте протестна нота кога Грците го кршеа договорот од Преспа, рече Мицкоски.
Во Гевгелија сте ставиле двојазични табли, а нема повеќе од 20% албанци, рече Мицкоски. Направена е грешка и веќе се тргнати , рече Заев.
Имам пријатели од теарце до Липково двојно повеќе од вас, рече Мицкоски. Имате компир, нула, му рече Заев.
За предизборната коалиција со Беса, за прв пат има предизборна коалиција што од сите етникуми базирана на идеолошки принципи, рече Заев, но сме отворени за соработка со сите и имаме намера да составиме влада со повеќе од 61 пратеник. Ние сме отворени за постизборна коалиција со секој што ќе имаме взаемно прифатена програма, истакна Мицкоски.
Заев му подари значка со Македонско и знаме на НАТО на Мицкоски. Тој му возврати новчаник „Луј Витон“.
Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.