Полицијата во Москва го протера Бетмобил : Не поминува на технички преглед (ВИДЕО)

Возачот на огромниот Бетмобил во Москва е казнет за неколку прекршоци.

Руската полиција исклучи реплика на „Батмобил“ од сообраќајот бидејќи возилото немало регистарски таблички. Не е познато дали суперхеројот се наоѓал зад воланот, но автомобилот не ги импресионирал сообраќајните полицајци.

Интересна сцена на улиците на Москва била видена на 22 февруари, а властите велат дека автомобилот го управувал 32-годишен граѓанин. При прегледот, откриено е дека автомобилот нема регистрација и возачка дозвола за возење по јавни патишта.

Откриено е и дека автомобилот не ги исполнувал стандардите пропишани во категориите на моторни возила. Полицијата го запленила „Батмобилот“ и го пренела на паркинг за возила исклучени од сообраќајот. Возачот на „Батмобил“ е казнет со казни за повеќе сообраќајни престапи.

Carcoops наведува дека точните димензии на автомобилот не биле утврдени, а фотографиите и снимките покажуваат дека е многу поголем од вообичаените автомобили.

Cabrio mode On • #fastboompro #batmobile #cabrio

A post shared by Alisher Punk (@fastboompro) on

Всушност, станува збор за автомобил кој се продал на крајот на минатата година за околу 844.000 долари. Се напојува со 5.0 литарски V8 мотор со 502 КС. Погонот е заден, а достигнува само 100 км на час.

Автомобилот е полн со интересни додатоци како што се огноотпорни стакла, термички фотоапарати, па дури и имитација на митралез.

„Бетмобил“ пристигна во Русија од САД, а надградбата ја направи руската компанија „Бум Бум Про“.

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер