Магацин и возило изгореа во пожар во охридско Велгошти

 Магацински простор и возило денеска изгореа во пожар во охридското село Велгошти.

Пожарот бил пријавен околу 12:30 часот во Територијалната противпожарна единица во Охрид, која интервенирала со две возила на лице место, на улицата „Живко Чинго".

Пожарот е изгаснат и спречено е ширење на пламенот на околните објекти. На местото на настанот во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот.

притисни ентер