СДСМ и БЕСА ја договорија предизборната коалиција

Лидерите на СДСМ и БЕСА ставија параф на предизборната коалиција за изборите на 12-ти април. 

 Двајцата претседатели, Заев и Касами новоформираниот сојуз го оценија како историски и победнички.

„Но ова е еден посебен чин, нов историски момент за демократијата и за плурализмот. СДСМ денеска ја објавува предизборната коалиција со Движењето на БЕСА... Оваа коалиција е сигурен победник на 12-ти април. И тоа секому му е јасно, оваа коалиција на 12 април ќе освои сериозни и сигурно мнозинство за формирање влада. Тоа е јасно и на нас и на нашите политички опоненти“, рече Заев.

„За прв пат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија, и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја“, рече лидерот на БЕСА.

Иако е договорен заеднички настап и Заев и Касами велат дека поделбата на позиции на кандидатски листи за пратеници се уште не договорена, како и деталите што ќе содржи заедничката изборна програма. Заев од настанот испрати порака и до главниот ривал на предвремените избори – Мицкоски, но и до актуелниот коалиционен партнер ДУИ.

Коментирајќи ја коалицијата СДСМ – БЕСА Мицкоски само им посака среќа.

За ДУИ оваа коалиција е дополнително дефакторизирање на албанскиот глас во пресрет на изборите.

Инаку, за предизборно договарање партиите имаат рок до 12-ти март кога истекува рокот за поднесување кандидатски листи за пратеници до Државната изборна комисија.

притисни ентер