Собирот во Аман препорача проблемот меѓу СПЦ и МПЦ-ОА да се реши по пат на дијалог

Во сенка на бојкотот на повеќе од половина поканети црковни лидери, вчера во Аман заврши собирот на Православни цркви, каде меѓу другото, беше усвоен заклучок и за прашањето за евентуалната автокефалност на МПЦ.

 Во отсуство на дури осум поглавари на Православни цркви, вклучително и на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, беше усвоен став дека:

-Прашањето за црквата во  Македонија треба да биде решено преку дијалог во рамки на Српската православна црква и со сеправославна поддршка. Доделувањето автокефалноста на одредени цркви, треба да се одвива во духот на сеправославниот дијалог и единство, како и со православен консензус, се наведува во документот.

За дел од верските експерти во земјава, ваквиот документ нема безмалку никаква тежина со оглед дека на собирот, присуствуваа само шест од вкупно 14 поглавари на цркви – домаќинот, ерусалимскиот патријарх Теофил Трети, рускиот Кирил и српскиот Иринеј, како и Митрополитот на чешката и словачката црква и архиепископите на полската и на романската православна црква.

Ѓоргевски не очекува дека СПЦ ќе ја прифати поканата од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј да седне на маса со МПЦ на најавената средба во Истанбул за да се разговара со отвореното прашање. Но, вели дека своевидниот дебакл на собирот во Аман му дава дополнителна слобода на Вартоломеј, по урнекот на украниската, да може да одлучува и во корист на македонската православна црква.

притисни ентер