Дел од граѓаните не ги слушаат препораките за смиреност- делуваат водени од стравот

И покрај смирувачките пораки од властите, стравот од коронавирусот почна полека да ги празни улиците во главниот град, но и рафтовите по маркетите.

 По вчерашната вест за првиот регистриран случај во земјава забележлива е помала фреквенција на улиците, а голем дел од граѓаните утринава излегуваа од продавниците и пазарите со торби полни со намирници за јадење и лична хигиена.

Дека е значително зголемена побарувачката потврдуваат и трговците. Се трошат и залихите кои стојат во магацините. Најмногу се купува брашно, конзервирана храна, зејтин, сапуни и антибактериски марамици.

Дел одграѓанитесе чуствуваат исплашено, други пак сметаат дека заканата не е толку сериозна и нема потреба од паника.. 

Психологот Мирјана Јовановска Стојановска вели дека е нормално луѓето да се грижат за своето здравје, но смета дека мерките кои се предвидени за заштита се доволни за да ја намалат веројатноста за зараза. Вели дека сите треба да сме внимателни, но не треба да се доведуваме во состојба на паника.

“Кога нешто што сме го стискале сме го потискале наеднаш ќе излезе како огромна загриженост, како анксиозност, како едно панично однесување – леле ајде да се обезбедиме. Затоа што што ако  се обезбедиме со брашно и со храна, ќе направиме карантин и ќе се затвориме домаи нема да излегуваме ? Брашното нема да направи ние да не фатиме вирус, постојат мерки како да не фатиме вирус. “изјави Мирјана Јовановска Стојановска – психолог.

Освен маркетите, веќе со денови се празнат и аптеките, речиси да не може да се најдат заштитни маски и алкохол за дезинфекција, а таму каде што има, според сведочења на граѓаните на социјалните мрежи, се со покачени цени.

Освен граѓаните, и инситуциите и јавните прептријатие преземаат засилени мерки за заштита..  Вонредна деизфикција правата некои градинки, училишта, болници, а ваква мерка презема и ЈСП Скопје, со темелна дезинфекција на автобусите и жичарницата..

притисни ентер