Вирусот корона „удри“ по туристичките агенции и веќе договорените аранжмани

Ни пропаднаа 25 илјади денари, агенцијата на мојата сопруга не и ги враќа парите што ги уплати за патувањето за 8-ми март во Рим, се пожали во нашата редакција гледач на Канал 5.

 Тој побара барем дел од средствата да ги добијат назад.

 Од Стопанската комора за туризам велат дека одлучиле сите аранжмани за Италија да се откажат. За оние кои биле предвидени со автобус парите се враќаат, но проблемот го гледаат кај авиопревозникот што нема намера да рефундира. Бараат да лобира и Министерството за транспорт и врски, кое ги субвенционира летовите на посочениот авиопревозник.

Оттаму додаваат и дека надлежните немаат конкретен одговор на прашањето „како туристичките агенции да постапуваат во вака сензитивни ситуации“, иако од Комората веќе подолго време чекаат сугестии за тоа дали и каде да се патува. 

Комората реагира и за измените на Законот за туристичка дејност, особено за делот за осигурувањето на пакет-аранжманите, кое доколку го имало последиците би биле помали.

Инаку и градоначалникот Петре Шилегов, соопшти дека сите средношколски екскурзии во Италија ќе бидат откажани или одложени.

притисни ентер