Видео: Кинеската полиција покажа како се справува со ширењето на коронавирусот

На социјалните мрежи се споделува видео во кое се гледа како кинеска полиција се справува со ширењето на Коронавирусот.

Прво го запираат возачот и со бесконтактен термометар му ја мерат телесната температура, а ако покаже дека има покачена температура, одбива да соработува и доброволно да оди во изолација, почнува акцијата.

На видеото, возачот се обидува да избега но специјалните полициски тимови веднаш со препреки успеваат да го сопрат. Потоа на суров начин го заловуваат со мрежа, метод што наиде на голем потсмев и негодување на социјалните мрежи.

На крајот од видеото се гледа како веднаш откако лицето се изолира, почнува процес на дезинфекција на сите полицајци што учествуваа во акцијата како и возилото на заболениот.

притисни ентер