Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше Протоколот за НАТО

Долниот дом на шпанскиот Парламент со  279 гласа ЗА и 1 глас против изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори. 

притисни ентер