„Само Вистина“ вечерва со Алберт Муслиу и Самоил Малчески

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Алберт Муслиу и Самоил Малчески.

Почитувани Македонци, определени и неопределени, одлучивте ли кому ќе му ја дадете довербата на 12-ти Април, или ќе ја чекате официјалната изборна кампања, можни ли се нови предизборни турбуленции, или се е веќе познато, вечерва во „Само Вистина“ ќе дебатираат Алберт Муслиу и Самоил Малчески.

СДСМ и БЕСА ќе ја официјализираат коалицијата, можно ли е и ДУИ да им се придружи во друштвото?

Дали можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе извади „ас“ од ракавот?

Заев маршира за правда, Мицкоски маршира против власта,  а кој и зошто го измести „фокусот“ од договорите со Грција и со Бугарија?

Каде заглави „Рекет“, дали и неговата разврска ќе го чека исходот од 12 Април?

Тактизира ли некој со одлуките на Уставниот Суд, или „сечено, лепено и монтирано“ ќе биде изговор и за овие „бомби“?

Кога стариот го подзаборавивме, ќе ни дојде ли нов „Прибе“ да ни  го „проветри“ судството или некој домашен јунак ќе има политичка моќ да не’ направи големи Европејци?

Дали од НАТО ќе летнеме и накај Европа, или новата методологија ќе ни додаде ново „влакно“ во јајцето?

Судбоносни избори или политичка драма, вечерва ви носиме две дијаметрално спротивни - на местото каде се говори „Само Вистина“ со Алберт Муслиу и Самоил Малчески, на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер