Во Монако просечниот животен век е околу 90 години

Најдолго луѓето живеат во Монако, просечниот животен век за двата пола изнесува 89,4 години.

Статистиката покажува дека жените во Монако во просек живеат  93,4 години, а мажите 85,5 години.

Монако инаку е една од најмалите држави на светот, се простира на два квадратни километри покрај брегот на Средоземното море, во малото кнежевство живеат околу 40 000 жители.

Долгиот животен век на граѓаните на Монако се препишува на живото покрај море, медитеранската исхрана, но и склоноста на луѓето кон активниот живот на отворено.  

Долг животен век имаат и Јапонците. Во Земјата на изгреј сонцето живеат 127 милиони луѓе, Јапонките во просек живеат 87,3 години, а мажите 81,2 години.

На јапонското острово Окинава живеат најголем број на стогодишници,740 на 1,3 милиони луѓе. Меѓу долговечните најголем број се жени, дури 90 проценти.  

притисни ентер