Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
16 Лазарополе, 13 Маврово, 2 Крушево.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2)
17 Маврово, Лазарополе, 6 Пожаране, 4 Охрид, Тетово, Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид 1 Битола, Прилеп, Д. Капија, Крушево.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ :
8 Штип, Дојран, 7 Д. Капија, Струмица, 6 Куманово, Виница, 5 Кр. Паланка, Битола, Прилеп, Скопје, 4 Гевгелија, Берово, Тетово, Охрид, 3 Претор, 1 Пожаране, 0 Лазарополе, -1 Маврово, .
Во текот на изминатата ноќ поради продор на значително постудена воздушна маса на повеќе места, особено околу полноќ во западните и северните делови дуваше силен ветер чија брзина надминуваше 70 к/час. Особено силен ветер дуваше во Скопје, на моменти и над 100 км/час. Во вториот дел од ноќта брзината на ветерот беше помала. Во текот на ноќта и изутринава претежно во западните делови имаше врнежи од дожд, а на планините од снег каде се формираше снежна покривка и имаше појава на снежни наноси.