Досега регистрирани повеќе од 81.000 случаи на заболени од коронавирус во 40 земји во светот

Регистрирани се повеќе од 81.000 заболени  од  новиот коронавирус во 40 земји во светот.

Според дневниот извештај на Светската здравствена организација , Кина објавила 412 нови случаи, со 459 пријавени надвор од Кина.

Повеќе од половина од новите случаи надвор од Кина се пријавени во Јужна Кореја – 284 случаи.

Италија, со околу 447 заразени лица, побара меѓународна помош во  напорите  за спречување на епидемијата на вирусот корона во државата.

Откриени се седум нови случаи на корона вирусот  во Бахреин, што го зголеми бројот на заразени во земјата на 33, соопшти министерството за здравство. Летовите до и од Меѓународниот аеродром во Дубаи се прекинати за следните 48 часа, соопшти Националната агенција за авијација цивилно воздухопловство.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран нема планови за карантин „градовите и окрузите“ како одговор на епидемијата во земјата, во која досега животот го загубија 19 лица додека 139 се заразени.

Во Норвешка, Грузија, Естонија , Романија и Пакистан  се потврдени и првите случаи на коронавирус. Во Франција, бројот на заразени лица се искачи на 18.

Пријавени се уште пет случаи на заразени во Германија, со што бројот на заразени е околу 20, што значи дека болеста се пренесува во нова фаза, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

Тој предупреди дека Германија е на почетокот на епидемијата на коронавирус.

притисни ентер