Јовески: Со Законот за ЈО се елиминираат политичките влијанија

Пред сè Законот ја воспоставува кариерата на јавните обвинители што значи дека во повисоките јавни обвинителства ќе може да се дојде само со претходно искуство во пониските јавни обвинителства.

Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Посочува дека се елиминираат политичките влијанија во изборот на обвинителот кој ќе раководи со ова јавно обвинителство, бидејќи со новиот Закон се предвидени решенија тој јавен обвинител да го бираат јавните обвинители на непосредни избори.Според Јовески, ваквата поставеност на ова обвинителство е доволна гаранција дека ќе може успешно да се справува со тешките кривични дела и корупцијата.

Се овозможува и Обвинителството да продолжи да постапува постапува по сите предмети што ги отвори СЈО. Тврди дека новото законско решение не значи скриена амнестија на определени сторители на кривични дела.

Обвинителе Јовески, Собранието по речиси една година и многу тензии го донесе Законот за јавно обвинителство. Кои се поволностите за обвинителите што ги нуди ова законско решение и сметате ли дека со него ќе се тргнат партиските влијанија од обвинителството?

-Во постапката за изготвување на новиот Закон за јавно обвинителство, која што траеше долго преку година и половина можеби заради партиските препукувања пошироката јавност остана осиромашена за да ги дознае клучните решенија на новиот Закон за ЈО. Пред сè Законот ја воспоставува кариерата на јавните обвинители што значи дека во повисоките јавни обвинителства ќе може да се дојде само со претходно искуство во пониските јавни обвинителства.

И новиот Закон го задржува принципот на подреденост на обвинителствата, но ја нагласува самостојноста на јавниот обвинител во постапувањето по конкретните предмети, но исто така од друга страна ја изострува неговата одговорност со оглед на тоа што се предвидени подруги основи за одговорност на јавниот обвинител.

Значаен сегмент е и финансиската самостојност на јавното обвинителство, со оглед на тоа што се предвидува за потребите на јавното обвинителство да се одвојува најмалку 0,4 отсто од Буџетот на Републиката. Но, покрај овие има и други решенија кои што ја унапредуваат организацијата и работата на јавното обвинителство, како на пример положбата на Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која сега е со нагласена самостојност не само во делот на постапувањето на предметите, туку и во делот на неговата финасиска самостојност.

Опозицијата обвинува дека со Законот ќе се задоволат нечии дневно-политички потреби и дека со него се прави обид да амнестија на функционери на актуелната власт. Ваш коментар на ова?

-Мислам дека таквото становиште нема основи во Законот. Да истакнам дека Законот правеше една организација на јавното обвинителство да го издигне на ниво на професионален и неселективен орган и во него се содржани решенија кои што, ако мислите на предметите на Специјалното јавно обвинителство, обезбедува овие предмети понатаму да продолжат со постапката. Меѓутоа мора да укажам дека во завршните одредби, земајќи го предвид и начелното правно мислење на Врховниот суд, дека прислушуваните материјали се користат во оние предмети кои се поднесени во Судот до 30 јуни 2017 година, а потоа Обвинителството исто така ќе може да ги користи како индиции овие материјали, така да вкупно по сите предмети кои се отворени од страна на СЈО ова Обвинителство ќе може да постапува по нив.

Дали ова може да се толкува како своевидна амнестија за постапки кои почнаа подоцна, како на пример „Талир", „Попис", „Пациент"?

-Како што спомнав воопшто не може Законот да се смета дека е донесен со цел за амнестија на определени сторители на кривични дела, туку Законот само го пропишува користењето на прислушуваните материјали од страна на судовите и јавното обвинителство и тоа беше логично. Мора да укажам дека со влегувањето во сила на овој Закон престанува Законот за Специјалното јавно обвинителство и мораше да се разрешат во преодните и завршните одредби овие состојби, а всушност функцијата на овие одредби е да се премости тој период.

Законот во сила стапува на 30 јуни 2020 година, што во тој меѓупериод. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција предаде аудио снимки, кои вели дека ги добил од укажувач, во врска со поранешниот премиер Зоран Заев. Како ќе се постапува во ваквите случаи и што доколку се појават и други „бомби"?

-Обвинителството до отпочнување со важност на новиот Закон за јавното обвинителство ќе работи по постојниот Закон и нема никакви ограничувања во делот на користењето на нови прислушувани разговори доколку се разбира има такви, ниту во делот на другите докази кои се неопходни за водење на постапките.

Дали ова решение нуди ефикасна борба против високата корупција, нешто што беше во надлежност на СЈО, а сега ќе биде во рацете на Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како таа би се зајакнала?

– Јас веќе спомнав дека Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сега има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство.

Мора да истакнам дека се елиминираат политичките влијанија во изборот на обвинителот кој ќе раководи со ова јавно обвинителство, бидејќи со новиот Закон се предвидени решенија дека тој јавен обвинител ќе го бираат јавните обвинители на непосредни избори.

Според тоа, ваквата поставеност на ова обвинителство е доволна гаранција дека ќе може успешно да се справува со тешките кривични дела и корупцијата.

Според некои експерти Законот преку член 109 директно се меша во надлежноста на Советот на јавни обвинители. Колку е издржана оваа нивна констатација?

-Овој член од Законот предвидува Советот на јавните обвинители врз основа на предлог на обвинителот кој раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да го зголеми бројот на јавни обвинители во ова обвинителство, а потоа во определен рок да објави оглас за избор на обвинители во тоа обвинителство.

Според тоа, мислам дека воопшто не се ограничува надлежноста на Советот на јавни обвинители. Таа дилема беше истакната и имаше можеби некоја основаност во неа доколку Законот влезеше во сила со денот на неговото донесување или по одреден краток период. Со оглед дека Законот стапува во сила од 30 јуни годинава мислам дека е добро тоа решение.

Во јавноста се мислеше дека тоа е направено заради специјалните јавни обвинители да можат да се изберат во ова обвинителство, но законското решение не е такво. Советот е должен да го зголеми бројот, должен е да објави оглас на кој може да се јават сите обвинители и повторно Советот на јавни обвинители е тој што ќе избере врз основа на компетенциите на резултатите на јавните обвинители кој ќе биде избран во ова јавно обвинителство.

Имаме закон, некои го поздравија, некои го критикуваа, закони се носат но проблем има со имплементацијата. Што треба да се направи за вистински да заживеат решенија во законот, да се применуваат во пракса, а не да остане документ кој тешко го менува менталитетот и старите навики во нашето општество?

-Точно е дека битна е имплементацијата на новиот Закон за јавно обвинителство. Очекувам дека материјалните средства за работа на обвинителството ќе се зголемат, очекувам дека обвинителите ќе ги прифатат овие решенија и дека во рамките на постапувањето на предметите ќе се придржуваат до роковите од Законот за кривичната постапка и од Законот за јавното обвинителство. Очекувам дека Советот на јавните обвинители ќе ги пополни испразнетите места.

Но, во тој контекст морам да укажам дека јавното обвинителство работи со 40-тина јавни обвинители помалку, дека во основните јавни обвинителства може да се влезе со завршена Академија за судиии јавни обвинители, меѓутоа бројот на лицата кои ја завршуваат Академијата не е доволен за да ги задоволи потребите на јавното обвинителство. Познато е дека се измени Законот за кривичната постапка, во надлежност на обвинителството премина истрагата и наместо да се зголеми бројот заради потребите на истрагата на јавни обвинители, тој број заради природниот одлив на обвинителите по пат на пензионирање драстично се намали.

Како ќе го решите недостигот на јавни обвинители?

-Обвинителството предлагаше повеќе решенија. Предлагаше да изостане практичниот дел кој слушателите на Академијата го посетуваат, туку само со теоретскиот дел да се полага завршниот испит. Притоа во Академијата да се примат кандидати кои што ќе го положат приемниот испит, а после теоретскиот дел да положат оние кандидати кои ќе го завршат овој теоретски дел, но наидовме на такво разбирање и веројатно во наредниот период или Академијата драстично ќе треба да го зголемува бројот на слушатели за потребите на обвинителството или да се бара некое друго решение.

Обвинителе Јовески кога очекувате да се разреши случајот „Рекет"?

-Како што е познато на јавноста случајот „Рекет" е веќе во судска постапка. Колку што сум информиран деновиве веќе се пристапува кон изведување на доказите предложени од страна на одбраната и јас не може да предвидам точно кога ќе заврши овој предмет, со оглед на тоа дека раководењето со рочиштата во Судот се во надлежност на претседателот на Кривичниот совет кој постапува по овој предмет.

Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов смета дека со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста и правната сигурност на граѓаните. Ваш коментар за тоа?

-Точно е дека со нелегално прислушувани разговори се повредува приватноста, впрочем и затоа е предвидено кривично дело. Дека оној кој што има такви разговори прави кривично дело, но се разбира дека во определени случаи е тешко да се дојде до создателот на овие прислушувани разговори, дека Обвинителството во повеќе наврати преземаше во конкретни случи да се испита, да се обезбедат докази кој ги сочинил тие разговори, но за жал повторно велам дека навистина е тешко да се откријат сторителите на овие кривични дела.

Како ги коментирате протести за „правда" на власта и опозицијата. Дали ги чувствувате како притисок?

-Не е добро јас да ги коментирам политичките дејствувања на партиите на власта или на опозицијата. Но во овој дел што ме прашувате дали ние тоа го сметаме како политички притисок, мислам дека не. И можеби сите тие состојби нас не прават уште поцврсти во изградбата на едно ефикасно и неселективно обвинителство да бидеме на линија за владеење на правото и неселективен кривичен прогон.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер