Фото: Санирани штетите од невремето во Скопје

До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој цела вечер на својот Фејсбук профил известуваше за санирањето на штетите, утринава изрази благодарност до службите на градот.

– Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе!!!, напиша Шилегов.

Силно невреме го зафати синоќа главниот град. Ветер кој дуваше со брзина од 70 километри на час откорна  покриви на згради на повеќе места  низ градот. Исто така паднаа  и дрвја на неколку локации.

Булеварот Партизански одреди во Карпош беше  блокиран од покриви кои се откорнати од околните згради.

Градоначалниците на град Скопје и општина Карпош Петре Шилегов и Стефан Богоев на своите фејсбук профили синоќа напишаа дека екипи се испратени за расчистување на  штетите и справување со невремето.

„Секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти“, напиша градоначалникот Шилегов на својот фејсбук профил. Денеска сообраќајот се одвива нормално.

притисни ентер