Убиена пријателка на британското кралско семејство!!

Драма на имотот на првите соседи на британскиот премиер Борис Џонсон.

Настанот кој ја тресе Велика Британика е смртта на 58 годишната Деби Курик, блиска пријателка на принцезата Ана( ќерка на кралицата Елизабета). Медиумите  шпекулираат дека Деби поради прељуба ја убил нејзиниот сопруг 67- годишниот Џон, кој со сериозно повреди е пренесен во болница, каде го обезбедува полицијата. Деби и Џон се занимавале со дресура на ловечки кучиња. Нивна муштерија е и кучето на принцезата Ана, со која брачниот пар бил во пријателски однос.

Трагедијата се случила во Вулверхемптон, а прв сосед на несреќната брачна двојка е Стенли Џонсон, таткото на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон. Кој токму на овој имот го минал целото детство.

Медиумите пренесуваат дека Џон најверојатно открил дека неговата сопруга Деби го изневерува, по што го сторил убиството. Полицијата води интензивна истрага за целиот настан.  

Заеднички пријател на брачната двојка за медиумите изјавил дека Деби пред неколку месеци го напуштила Џон и заминала да живее во Ирска.

Џон инаку од претходно и е познат на полицијата, два пати бил апсен поради возење мотоцикл во алкохолизирана состојба.

притисни ентер