Руската тениска принцеза Марија Шарапова објави дека ја завршува кариерата!!

Убавата Маша, ја изненади светската јавност со одлука дека и става крај на успешната кариера во белиот спорт.

Руската тенисерка Марија Шарапова својата одлука за крај на кариерата ја соопштила во авторски текст за  „Венити Фер“.

Светскиот тенис значи останува без уште една голема шампионка, руската тениска принцеза одлучила да и каже збогум на професионалната кариера.

Шарапова својата дефинитивна одлука за крај на кариерата ја објавила во авторскиот текст за „Венити Фер“, кој преставува нејзино опростување од професионалниот тенис.

Под наслов „Тенис, збогум“ убавата Русинка одлучила да ја заврши кариерата по 5 освоени Грен слем трофеи и 28 години минати во белиот спорт, сметајќи од моментот кога прв пат го замела рекетот во раце, па се до моментот кога одлучила „патиките да ги обеси на клинец“.

-Како да го оставиш зад себе единствениот живот што си го познавала?Како да излезеш од теренот на кој си тренирала уште кога си била девојченце, од играта која ја сакаш, онаа која ти донела многу солзи но и голема радост, заедно со навивачите кои те поддржуваат повеќе од 28 години!?Ова е ново за мене, така да простете ми . Тенис, ти кажувам збогум, напишала Шарапова во воведот на својот текст

Марија Шарапова првата Грен слем титула ја освои во Вимблдон со 17 години, таа инаку е една од малкуте тенисерки со освени трофеи од сите четири Грен слем турнири. Шарапова има по една титула од Вимблдон, Њујорк и Австралија Опен, а двапати била шампионка на Ролан Гарос.

Убавата Русинка има сребрен медал од Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а во кариерата освоила 36 трофеи и заработила само од турнирите повеќе од 40 милиони долари.

притисни ентер