Фото: Црвен снег во Украина

На украинската поларна станица на Антарктик „ Академик Вернадски“ паднал црвен снег, објавено е на сајтот на Министерството за образование и наука на Украина на Фејсбук.

Ваква нијанса на снегот му дале микроскопските снежни алги наречени „ Chlamydomonas nivalis".Тие создаваат алги кои не се плашат од ниските температури  и остануваат во снегот и преку зимата.

Кога температурата ќе се зголеми и ќе се појави сонцето алгите – спори започнуваат да растат .

Покрај зелениот пигмент, хлорофилот, ќелиите на алгите содржат и слој на црвен каротен. Поради него на снегот се појавуваат црвени дамки.

Инаку, сега на Антарктик е лето.

Слични појави може да се забележат и на Арктикот и Алпите.

притисни ентер