ССМ апелира за почитување на препораките за заштита од коронавирусот

Апелираме сите работници и граѓани, максимално да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките на Министерството за здравство за намалување на ризикот од појава на инфекција од коронавирусот

Имајќи ги превид препораките и заклучоците на Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство за коронавирусот, најновите случувања во светот и регионот, каде државите превземаат соодветни превентивни мерки се со цел заштита на граѓаните, како и фактот дека на територијата на Македонија веќе е потврден првиот случај на заразено лице од вирусот, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелира до сите Државни институции и до работодавачите да ги преземат сите мерки за заштита на безбедноста и здравјето, како на работниците, така и на сите граѓани.

– Апелираме сите работници и граѓани, максимално да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките на Министерството за здравство за намалување на ризикот од појава на инфекција од коронавирусот и задолжително и често да се мијат рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употребата марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете. Потребно е да се воведе дополнителна заштита храната и темелно готвење на истата, се наведува во соопштението на ССМ.

Покрај тоа, според ССМ, треба да се воведе посебна заштита при работа на отворено, да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема, да се штити населението од настинки, односно да се избегнува незаштитен контакт со болни, вклучувајќи и допир на уста, нос и очи, како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

ССМ смета дека почитувањето на мерките во голема мера ќе придонесе за спречување на ширењето на вирусот.

– Загрижени сме за работниците кои во наредниот период заради своите работни обврски ќе бидат директно изложени на постојан контакт, како и за сите граѓани, и ги охрабруваме надлежните институции со сите расположливи капацитети навремено покрај преземањето на сите мерки, да информираат за сите промени со што ќе се придонесе и за спречување на ширење на паника. Потсетуваме дека Синдикатот за градежништво при ССМ, пред околу еден месец веќе апелираше до институциите и работодавачите за преземање на соодветни мерки и активности за спречување на ширење на вирусот на нашата територија, се додава во соопштението на ССМ.

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

притисни ентер