Новата коалиција договорена во Словенија – Пахор денеска ќе каже дали Јанша ќе биде нов мандатар

Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека денеска ќе соопшти дали мандатот за состав на нова влада ќе му го даде на Јанез Јанша.

Најавата доаѓа по коалицискиот договор меѓу неколку политички партии, вклучувајќи ја и таа на Јанша.

Сепак, дилемата која се отвори е дали овие партии ќе имаат доволен број гласови во собранието, имајќи предвид дека во дел од партиите има пратеници кои отворено кажаа дека нема да учествуваат и нема да поддржат влада на чие чело би бил Јанез Јанша.

притисни ентер