Хосни Мубарак погребан со воени и државни почести

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак погребан е денес со најголеми воени и државни почести.

Ковчегот со телото на Мубарак, покриен со државното знаме, однесе е со парадна коњска запрега до џамијата, следен од погребна поворка која ја предводел претседателот Абдел Фатах ел-Сиси, во придружба на египетскиот државен врв и угледни претставници на арапските земји.

Египетската државна телевизија извести дека ковчегот на Мубарак, по воената церемонија, со хеликоптер бил транспортиран од хелиодромот на џамијата, до семејната гробница, каде е и закопан.

Поранешниот египетски претседател почина во вторник во болница, каде со недели се опоравувал од хируршка интервенција. 30 годишното владеење на Мубарак беше окончано во 2011 година, за време на напрливот на демонстрации против корупцијата во Египе.

Тој се смета за еден од првите жртви на „арапската пролет“, револуционерното движење кое во 2011 година го зафати целиот регион.

притисни ентер