МВР одобрило 83 од 477 поднесени барања за издавање пасоши

Само 83 барања од речиси 500 апликации за издавање пасош, одобрила во изминативе денови посебната комисија при МВР, формирана за да ги утвди најприоритетните случаи на кои име е неопходна патна исправа.. 

Министерството за внатрешни работи остана со залиха од 3050 пасоши. Откако министерот Чулев формира комисија која ќе одредува на кого патната исправа му е најнеопходна, аплицирале 477 граѓани. Од нив само 83 добиле пасош поради здравствени причини и неодложни бизнис патувања.

Од министерството за внатрешни велат дека се уште е неизвесно дали пратката со 100 илјади обрасци од германската фирма Веридос ќе пристигне десетина дена порано од договореното, на средина на март.

Во меѓувреме, од државата можат да излезат граѓаните кои имаат истечен македонски пасош, но поседуваат втор од друга држава. За ова се известени граничните премини, но задолжително мора да се приложи и неважечкиот пасош.

Проблемот со обрасците започна на почетокот на јануари годинава. Недостаток имаше и за лични карти и за возачки дозволи. Досега одговорноста не е лоцирана, бидејќи поранешниот и актуелниот министер, Спасовски и Чулев си ја префрлаат вината еден на друг, а решение на повидок се уште нема.

Чулев смета дека ако се склучи повеќегодишен договор преку меѓународен тендер со фирма-изработувач - ваквите кризи веќе нема да се повторат.

притисни ентер