Тон кокаин запленет во водите на Венецуела , уапсени повеќе Црногорци (ФОТО)

Во меѓународната полициска операција, иницирана од црногорската полиција, запленет е тон кокаин и се уапсени повеќе црногорски државјани.

Дрогата била пронајдена на бродот ,,Ареса’, што бил пресретнат од полицијата во меѓународните води на Венецуела.

Според профилот на Твитер на црногорската полиција, во акцијата биле вклучени и полицијата од Србија, Велика Британија и Холандија, покрај црногорската полиција.

Според Подгорица Њуз, бродот на кој е запленет кокаинот пловел под знамето на Камерун.

Шпанските медиуми објавија дека тој пловел од Суринам на почетокот на февруари и, по кратко задржување на пристаништето Гуаранао во Венецуела, го продолжил своето патување кон Солун.

По пресретнувањето на бродот во меѓународните води, уапсени се седум лица, меѓу кои и капетанот на бродот.

притисни ентер